Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 305141 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1650 на: 01 Ноември 2024, 17:20:42 pm »
Моја претпоставка е дека и за приколка би било исто.
Исто е, барем за товарна приколка е така, исто ако е приколката од увоз мора и во системот на царина да биде внесен бројот на шасијата. Мене недела дена ме стопираше дежурниот од МВР, додека шпедитерот на продавачот не внесе број на шасија. Они кога ги увезувале приколките сите топтан ги царинеле и не внеле одделен внес по приколка.

Интересно е што проверката (за број на шасија) изгледа не се замараат сите полицајци. Мојава беше последна од групата увезени, претходно ниден купувач немал проблем со проверка на број на шасија. Веројатно и добро е што провериле во мојот случај, пошто утре може ако ја продавам да има глупости.

Што приколка зема?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6442
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1651 на: 08 Ноември 2024, 12:03:09 pm »
Поминуваат онлајн осигурувањата испечатени на печатар и дирек во МВР при регистрација?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1652 на: 19 Ноември 2024, 12:32:35 pm »
Дали знае некој инфо за одјава на таблици, дали може да се направи во ПСС и дали може попладне (до колку часот најдоцна) или мора за целата постапка да се оди во МВР (МТВ)?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1002
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1653 на: 19 Ноември 2024, 12:48:50 pm »
Дали знае некој инфо за одјава на таблици, дали може да се направи во ПСС и дали може попладне (до колку часот најдоцна) или мора за целата постапка да се оди во МВР (МТВ)?

Мене секогаш ме терале да одам во МТВ

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8690
  • Пичлеме
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1654 на: 19 Ноември 2024, 14:33:58 pm »
Дали знае некој инфо за одјава на таблици, дали може да се направи во ПСС и дали може попладне (до колку часот најдоцна) или мора за целата постапка да се оди во МВР (МТВ)?
Можи во ПСС, јас сум одјавил таму, ама сум бил од сабајле, за попладне не би знаел. Најдобро да си прашаш на телефон, јас на тој начин сум добивал информации од кај нив, услужливи биле, јас ги барам тие во Зајчев Рид: 02/306-9999

Отсутен shelby

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1655 на: 19 Ноември 2024, 19:47:07 pm »
Знае некој дали ќе важат налепниците за таблици после нова година?