Законски секоја модификација на возилото треба да помине атест, мое видување, во спроивно си подлежен на казна. Кај мене фабрички има DRL и за овие две години како го имам возилово никогаш не ми направиле проблем, со оглед што и они Yeti-то ги возат со DRL, верувам дека е дозволено. На претходното возило имав наместено афтермаркет DRL, налик овие од погоре, оприлика исто две години ги возев, само проблем од еден цајкан, што ми рече дека е забрането да се вози со халогенки и казната изнесува х сума, на што му реков да погледне повторно и да направи разлика помеѓу халогена и лед сијалица, толку, штама, ме пушти.
Сепак, како што кажав првично, доколку те сопре поинформиран цајкан, може да ти пише казна.