Значи според вас битно е и баластот дали е квалитетен исто колку сијалицата.
Инаку нарачано имам ксенон фарови со лупа и d2s сијалици за астра х. Сега сум на мисла дали да земам некој ксенон од ~100 еур и на тоа да ставам квалитетни сијалици. Незнам дали ова ќе направи разлика па затоа прашав...
Знам дека има 35w fast canbus трафоа кои се малку поскапи од тие што не се fast но искрено и тоа незнам колку се исплати. Причината поради која сум заинтересиран за 35,а не 55 ватни трафоа е зошто читав дека треба дополнително да се поврзат со акумулатор?
Тоа би ми било проблем зошто и онака треба да направам мод на фарот за да можам да го монтирам (дека немам фабрички ксенон треба дополнителни две жици да спроведам за уземјување). Ако инсталацијата на 35 и 55 ватен е иста и нема разлика во конекциите тогаш ќе размислам и за таа опција.
Какви фарови имаш порачано, оригинални или ДЕПО/СОНАР/ДЕКТАНЕ?
Препорачливо е да се стави реле за двата фара без разлика на возилото и на која опција ке одиш 35 или 55, не заради поторшувачката откако ке загреат туку заради инициалното повлекување при стартување на светлата.
Било кој професионалец автоелектричар нема да монтира Ксенон кит без реле, но кај нас секогаш се гледа на старт да се заштеди, односно две релеа не коштаат ништо повеке од 500 денари а со нив ке си го заштитиш и акомулаторот а и ксенон инсталацијата како целина во поглед на долготрајност, пошто нели колата од фабрика не дошла со инсталација спремна за ксенон светла, не е исто дали е 55 халогена или ксенон.
Нарачано имам ДЕПО фарови. Релеа не би ставал не за парите туку мислам дека нема потреба.
Повеќе од 2 години имав 35 ватен ксенон и немав никаков проблем ни со акумулатор, потрошувачката, шум на радио, трепкање на сијалици и слично, а имам и плин на колата.
Значи 55 ватен поквалитетен ксенон по можност фаст да е со квалитетна осрам сијалица ќе биде најблизу до оем перформанси?
СИ имал 35-ватен на фабрички фар.
Сега ке ставиш 55-ватен на афтермаркет фар.
Мој совет е обавезно реле, има потреба поготово за 55-ватен.
Најдобро намерен совет, не го терам со сила никој ништо да прифака, јас така ги монтирам сите китови па макар биле и најефтини и па макар и Хилукс или Моримото.
Јас би препорачал Хилукс баласт со ЕМЦ 55-вати и Филипс 85122 4300к, или моримото кит што е малку потежок и поскап за набавка.
Ако можеш да најдеш Осрам ЦБИ Оригинален- што не верувам под 90 еур од сијалица да го начекаш за оригинал.
Филипсот е ем со пониска цена ем го има оригинален , Осрамот се што е во македонија е добра копија.
Можеби има некој што увезува и оригинален ама пак ке кажам дека е скап во однос на Филипс, не дека нема зошто да е поскап но дупло си е дупло.