Насочувањето на светлината нема ли да биде исто како што било пред тоа? Значи ја вадиш обичната халогена сијалица и ја ставаш ксенонската и во фарот не чепкаш ништо. Или треба некој измени да се прават?
Не е ниту приближно исто. Снопот што го фрла ксенон сијаличката е скроз различен од халогената. А фарот е проектиран за халогена сијалица.
После тоа сите тие H1, H4, H7... не се оргинал ксенон сијлички, туку се припраени за да одговараат на тоа лежиште.
Фабрички ксенон сијалички ти се d1s, d2s, d2r ....
Затоа сите што имаат кинески ксенон блештат на секаде.
Решени тие да си ставиш нахнадно леќи (оптика) со правилно насочување. Ама треба да го отвораш фарот и да ги набавиш леќите.