Поентата е што LED технологијата отиде доста напред. И тоа беа првите верзии на една нова технологија која само што почна да се прави. Еве помина некоја година и веќе се нудат добри LED заменски сијалици со мали и добро позиционирани чипови. Веќе голем број од нив постигнаа и добра ефикасност па се без вентилатори и такви глупости.
Во проектор ледот обично малку пониско го пика хотспотот, а не на самиот катоф. А тоа прави да не гледаш добро. Зошто рачунај сакаме хотспотот да е веднаш по катофот за да е најсилен, и најдалеку тој сноп.
Во проектор HID е непоимливо колку е подобро. Мислам онака перверзно е колку добро налегнува HID на проектор. Сме го збореле ова, а најдобро е прикажано тука:
4:38 LED.
7:20 HID.
На клипов се што треба се гледа. Сноп, хотспот, позиции, детаљи, катоф...
П.С. Башка што ова е со 35W HID. А може да се стави и 50-55W HID кој е подобар, има помалку UV на 4300К од 35ката, и помалку го оштетува проекторот. Win-Win-Win.