Меѓутоа рефлекторот позади леќата е направен за да фрла од точно дефинирана точка нанапред. И ако е изворот на светлина поголем, да прави да има повеќе светло во близина, а слабо да фрла во далечина.
Дап, затоа фаровите со проектори немаат многу проблеми со лед светла како фаровите со рефлектори.
Рефлекторите се дизајнирани со точно одредена (и мала) точка на фокус. Со ледот точно во точката на фокус, светлото се фокусира како што треба: напред и долу во средина на патот. Кога ледот е надвор од точката на фокус - голем лед (како COB), и/или понапред поназад, и светлото иде насекаде. Тоа е лошо пошто прво светлото не е фокусирано напред и долу во средина на патот, и второ лошо е пошто светлото заслепува насекаде, и возачи одспротива но и од лево-десно од приклучните патишта и тротоарите.
Или да се обидам пократко и појасно: За фар со рефлектор, добар лед е тој лед што имитира жица од халогенска светилка. Значи еден ред од 3-4 мали ледови во линија.
Најкратко (како што напишав поназад),
за рефлектори зимајте само светла со CSP ледови.Eве како изгледаат Samsung LEDsFx-CSP LED, нека не ве лаже величината на сликата, ширината на ледовите е нешто над 1 милиметар :

И еве подолу какви светла земав јас. Ладењето е ужасно (како и кај повеќето други) што го знаев однапред па планот ми е кога ќе имам време да ги преправам со свое решение за ладење. До тогаш не ги ни ставам во фарови.
(kога во иднина ќе се изгуби сликата, пребарајте со
seoul csp led и клик на images).
