Гласање

Која кола за брат му на Cranium?

Renault Clio 0.9 TCE
13 (26.5%)
Ford Fiesta 1.0 GTDI
6 (12.2%)
Hyundai i30
2 (4.1%)
Kia Pro Ceed
5 (10.2%)
Suzuki Swift Sport
21 (42.9%)
Suzuki SX4
2 (4.1%)

Вкупно гласови: 49

Автор Тема: Совети при одбирање на нов автомобил!  (Прочитано 40758 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #45 на: 24 Август 2013, 16:56:53 pm »
Ама затоа чичко ти колку би сакал да се замисли во тоа.


ЕДИТ: Имаше некоја типка, а не слика од кола претходно. За таа слика важи коментаров а не за i30.
« Последно менување: 24 Август 2013, 17:14:29 pm Deni »


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #47 на: 24 Август 2013, 17:11:48 pm »
Предупредуваш кога ставаш вакви слики, има луѓе што само што ручале..

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #48 на: 24 Август 2013, 17:13:46 pm »
Е тоа - да.
Чекај, чекај не беше оваа слика!!!!!!! Си едитнал!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #49 на: 24 Август 2013, 17:14:25 pm »
Има и30 со 2 врати?
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #50 на: 24 Август 2013, 17:15:19 pm »
Предупредуваш кога ставаш вакви слики, има луѓе што само што ручале..

Па ти не отварај, чекај да легне храната малку.

Е тоа - да.
Чекај, чекај не беше оваа слика!!!!!!! Си едитнал!

Грешка беше бе па ти. :P


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #52 на: 24 Август 2013, 17:16:59 pm »
Е така, а не да извртуваш работи тука!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #53 на: 24 Август 2013, 17:17:39 pm »
За тука има ред - прво јас, па чичко ми.. :D

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #54 на: 25 Август 2013, 18:24:26 pm »
Затоа јас не сакам гласање на форумов, 10 души гласале за Клиото, а никој не го објаснил својот избор. Се гласа за изглед, а не за добри особини.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #55 на: 25 Август 2013, 18:34:09 pm »
Затоа јас не сакам гласање на форумов, 10 души гласале за Клиото, а никој не го објаснил својот избор. Се гласа за изглед, а не за добри особини.
Па ете ти образложи, јас на пример си напишав зошто ја бирам Фиестата за на бензин или Сидот за на плин а дури и додадов мои предлози.

Зошто за изглед? Напротив, јас моите гласови ги дадов за она што сметам дека е најдобро од понуденото. На пример разликата меѓу клиото 0.9т и Фиестата 1.0т за мене е драстично голема во одбрана на фиестата. До душе незнам баш за Фиеста туку тој мотор сум го осетил во Б макс, и бев начисто воодушевен! И од потрошувачка и од перформанси. Клиото сметам дека е послабо и понеекономично од Б макс, а тек од Фиеста. А тек па од таа со 125кс.

Сидот нуди 1.6 моторче, кое на плин ќе биде океј за употреба, ефтино за секојдневие и релативно поголемко. Сидот е одличен според мене (со неосновна опрема секако). Тогаш мана му беше цената (кога излезе), сега можеби е паднат. Сузукито е супер возило, но искрено не ми е нешто на изглед сјајно, иако одлично во се друго, и има многу мал багажник. Инаку баш е формулче, кое е најлесно од понудените и има најсилен мотор (на хартија).

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #56 на: 25 Август 2013, 18:35:57 pm »
Не разбрав, clio-то треба да има повеќе гласови? Изгледот е споредна работа?

За мене, пред се` се изглед и возни карактеристики, а останатите добри особини (гепек, пластиката не била доволно гумена, вратите се затварале со танннг наместо со туп итн) се споредни работи. Поготово беа споредни пред 20 години.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #57 на: 25 Август 2013, 18:40:24 pm »
Јас од овие би ги одбрал или Swift-от или Pro Ceed-от. Swift-от поради спортските перформанси, а Pro Ceed-от ради тоа што нуди највеќе простор и доста снажно моторче.

Муабетот ми е дека ако овие модели влегле во неговиот потесен избор, значи дека сите му се свиѓаат на изглед, а ние треба да го советуваме што е попаметно да купи, а не поубаво.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #58 на: 25 Август 2013, 19:25:49 pm »
Затоа јас не сакам гласање на форумов, 10 души гласале за Клиото, а никој не го објаснил својот избор. Се гласа за изглед, а не за добри особини.

Колку си само грешка.. Свифтот е најгрдо на изглед од понудените опции за гласање, па пак има најмногу гласови. Не се гласа на изглед. Можеби му се допаѓа на изглед, можеби не. Можеби сака да компензира изглед за возни својства. Затоа можеби е и влезен Свифтот во потесен избор.

Во Спорт изведба (да се поминам од ред), Сузукито и не изгледа лошо. Сите оние ситни детали кои го разликуваат од основната изведба се на место и мене ми се допаѓа и како изгледа. Јес да Клиото изгледа убаво, ама кога би бирал јас Клио во стандард изведба, и Свифт во ултимативна - секако, Сузукито. Плус, во некоја бела, сина или црвена боја. Стандардните 16-ки (ако не се лажам) фелни го комплетираат надворешниот изглед. Мерак.

Да не зборуваме за доверливост. Да не зборуваме за цената на одржувањето. И економичноста би ја ставил тука, иако се работи за спортска изведба.

Да не зборуваме за возни својства. Го имам возено Свифтот, моторчето е супер, мада може уште некое "коњче" плус. Стегнато делува, нема никакви девијации во кривини, а вади и одличен звук. Не тврдам дека е подобро од Клиото или дека Клиото нечини, само тврдам дека Сузукито е одлично. Точка.

Внатрешноста е пријатно место да се биде во неа - посебно ми направи ќеф кожниот волан обшиен со црвени конци, кои можат да се најдат и на рабовите од спортските седишта. Јес да нема место, али за млад човек - само со девојка, нема потреба од повеќе. Багажникот не е мал, доволен е. Добиваш се што може да се напасува на конкретното возило - зборувам за опрема. Електрики секаде, греачи на седишта, климатроник, борд компјутер, УСБ, конекција за iPod, команди на волан, темпомат, солидно озвучување.. Многу, многу опрема.

Сузукито од понудените, е најдобра опција за вложено-добиено. Реното неможе да парира во тој сегмент.  

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 941
Одг: Совети при одбирање на нов автомобил!
« Одговори #59 на: 25 Август 2013, 20:14:50 pm »
Го ценам мислењето на секој темава е во принцип да се добие некоја ориентација за што би вредело да се купи.
Освен тоа морам да надополнам дека имаше измена во планот и се гледа опција за клио 1.5 дизел кој е со најјаката опрема.