Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Вкупно гласови: 49
ЦитатГледав хсид и на изглед е ептен фраерски, но не ми се допаѓаат некои елементи од изработката. Пластиките на браници и прагови се многу меки и има флекс ако се притисне со прст.Не ми се верува до каде може да се оди со пипкање/притискање при избор на автомобил.Можам да разберам да се притиска шалтабла, ајде некако и лимот од каросерија, ама браниците?
Гледав хсид и на изглед е ептен фраерски, но не ми се допаѓаат некои елементи од изработката. Пластиките на браници и прагови се многу меки и има флекс ако се притисне со прст.
Се гледа на можноста да се земе нов автомобил и споредбава ќе биде на помош на повеќе луѓе, па затоа ајде пишувајте кој што знае.Колата би била за брат ми со тоа што тој го има крајниот збор и изборот ако воопшто се оди на ваква варијанта, нов автомобил.1. Renault Clio 0.9 tCe Dynamique Energy 90ksСе работи за клиото со највисокото ниво на опрема. Со оглед дека го прочитав CarClub тестот на Клиото и видов некое видео на YouTube по мене ова е правиот избор. Би требало и да се доплати за некој дотаток но тоа ќе се види на крај.Цена на овој модел: 14388 еур(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)2. Ford Fiesta Titanium 1.0 GTDi 100ksИсто така се работи за фиеста со едно од повисоките нивоа на опрема. По мене убав изглед со тоа што 3 цилиндарски форд мотор??Цена на овој модел: 13500 еур(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)3. Hyundai i30 1.4 DOHC TREND 100ksВторото ниво на опрема.Цена на овој модел: 13600 еур(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)4. Kia Pro Ceed 1.4 DOHC EX 90ksСе работи за основен модел на Pro Ceed со тоа што има се што ти е потребно. Има опција и појак мотор 1.6 со 126кс.Цена на 1.4: 12600 еурЦена на 1.6: 13600 еур(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)5. Suzuki Swift Sport 1.6 136 ksОд опрема има се што може едно сузуки да содржиЦена на овој модел: 13900 еур(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)6. Suzuki SX4 1.6 2WD 120ksПојакото ниво на опрема но погон на предните тркала.Цена на овој модел: 12690(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Тоа е понудата која досега ја гледавме. Ако имате некоја идеа за возило од 10 до 15 илјади евра дадете предлог, но во таа цена да биде добро опремен автомобил колку што може за тие пари. п.с. Ајде да ве видам форумаши што ќе кажетеп.п.с Администратори ќе може ли некако во темава да се стави гласање пошто неможев да се снајдам
Да не отворам друга тема. Предлог ново возило до 18-20000 евра. Не се ограничувам на тип на каросерија, пожелно е да е дизел мотор ама и не мора освен ако не троши многу бензинецот. Важно е да е удобна, тивка и да е релајабл, а не од стар да ми пројавува дефекти.
Ја купија и ја продадоа таа кола ако не се лажам
Kia Ceed со 1.6 мотор сега мислам дека не постои.А другиве како ќе ги проба? Еве рецимо Jazz или Mazda 2?
Цитат: MartinAlfista на 15 Февруари 2021, 15:51:53 pmЈа купија и ја продадоа таа кола ако не се лажам да да хаха
Цитат: Cranium на 16 Февруари 2021, 07:51:05 amЦитат: MartinAlfista на 15 Февруари 2021, 15:51:53 pmЈа купија и ја продадоа таа кола ако не се лажам да да хаха @Cranium sho model zede kako se pogodi ti pomognaja li sovetive na forumov?back to the future :-)