^^
Првпат слушам за таа камера, а во последно време прилично читав ревјуа за (десетици) камери за во кола.
https://dashcamtalk.com ти е право место за информации за камери за во кола, башка и форумот им е супер и има спремни дечки за муабет.
Јас конкретно пред десетина дена ја нарачав
VIOFO A118C, со Novatek NT96650 процесор и со Aptina AR0330 CMOS сензор. Ми се допадна тоа дека покрај солидните перформанси, има и прично неупадлива форма (во однос на други камери) и тешко се приметува кога е монтирана во кола (значи и помалку е мета за крадење). Не се лепи со онакво вакуум кругче, туку со 3М леплива лента, и кога ќе се намонтира изгледа како држач за ретровизорот (или така нешто).
Пред скоро испадна новиот модел А119, и цената на А118-ката падна. Башка што моделот е A118
C и камерата има супер кондензатори наместо батерија - посебно важно за кај нас пошто во лето имаме топла клима и во колите се развиваат солидно високи температури (што е смрт за батериите).
Така да после препораките и читањето ревјуа си ја нарачав A118C:
http://www.gearbest.com/car-dvr/pp_142025.html?vip=217437Ја има и на Ибеј и на Алиекспрес, но Геарбест некако ми е најдобро место за купување на вакви работи. На Ибеј и на Алиекспрес има многу продавачи на еден ист производ и доста од тие понуди се лоши копии, на Геарбест продаваат една верзија која секако е добра (па дури и да е копија). Во случајов A118-ката од Геарбест е дефинитивно од VIOFO. На Геарбест има и ГПС модул за некои 5 долари, јас не нарачав пошто не сакам да ми стои км/ч на видеата.
Инаку има милион ревјуа не нет за камерава:
https://www.youtube.com/results?search_query=a118+dash+camНа некои од видеата има и упатства за монтажа на каблите под шал табла. Некој поназад прашуваше вакво нешто, тогаш немав добар совет - сега можам да го препорачам следниов DC на DC конвертор за ич пари:
http://www.aliexpress.com/item/Free-Shipping-LM2596-ADJ-DC-DC-Step-down-Step-Down-Power-Supply-Module-4V-40V-Adjustable/32320071479.htmlОвој е деклариран на 3 ампери, од ентузјасти е тестиран и докажан... Иако 3А е неточна спецификација и конверторот никако нема да преживее долго користење на 3 ампери, дури и на 2 ампери солидно се загрева. Но конкретнава камера VIOFO A118C влече само 1 ампер и со посочениов конвертор е добра комбинација. Нормално, најдобро е да се спои на 12волтна линија која се прекинува со исклучување на контакт.
Ајде ако не заборавам, ќе ја документирам постапката кога ќе ја монтирам камерата.
Еве ревјуа за конверторот:
http://lygte-info.dk/review/Power%20Adjustable%20buck%20converter%20LM2596%20UK.htmlhttp://www.youtube.com/watch?v=6LTxJWsn1HQЕве како (неупадливо) изгледа А118 кога е монтирана.
https://dashcamtalk.com/forum/threads/b40-a118-ae-cc30-mounted-in-your-car-photos.5909/page-7Инаку новиот модел (А119) има поголема резолуција, ама јас лично мислам дека резолуции над фулХД ќе значат премногу главоболки со мемориски картички (помало време на снимање, побарување на поголема брзина на запис, итн).