Автор Тема: Камери за во кола (dash cam)  (Прочитано 55481 пати)

Отсутен Nedevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 73
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #150 на: 12 Јули 2016, 17:41:36 pm »
мислев директно овде од продавница да купам, каде би можел да најдам, во кои продавници низ Скопје се продаваат вакви камери, време за чекање се нема :)
http://www.loging.mk/1042/191198/0/ShowProduct/Full_HD_video_kamera_za_vo_avtomobil

VW Golf 5 TDI & Yamaha FZ6 - My 2 black babies!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #151 на: 12 Јули 2016, 23:22:52 pm »
Во Анхоч, Сетек...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #152 на: 12 Јули 2016, 23:32:11 pm »
мислев директно овде од продавница да купам, каде би можел да најдам, во кои продавници низ Скопје се продаваат вакви камери, време за чекање се нема :)
http://www.loging.mk/1042/191198/0/ShowProduct/Full_HD_video_kamera_za_vo_avtomobil

За 50 евра сосема солидна камера е според спецификациите.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #153 на: 13 Јули 2016, 00:58:07 am »
на алиекспресс се на пола цена... али пошто веќе имам навигација ставено и сега уште камерата и ке биде пренатрупано и нема да е прегледно на патот, затоа се мислам за ваков модел на камера
http://www.aliexpress.com/item/HD-1080P-1920-1080-car-dvr-camera-wifi-Hidden-installation-car-dvr-car-video-recorder-high/32603507555.html?spm=2114.30010308.3.305.MSltPy&ws_ab_test=searchweb201556_8,searchweb201602_3_10037_10049_10017_405_404_407_10033_406_10032_10040_9906,searchweb201603_7&btsid=67a32f8e-5209-4888-9ad2-40257a698ca2

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #154 на: 16 Август 2016, 03:12:21 am »
Некој поинформиран на темава, Kenwood KCA DR300 ја бива за некој си 80еури? Да се пазари или има подобра за парите?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #155 на: 16 Август 2016, 17:38:30 pm »
^^
Првпат слушам за таа камера, а во последно време прилично читав ревјуа за (десетици) камери за во кола.
https://dashcamtalk.com ти е право место за информации за камери за во кола, башка и форумот им е супер и има спремни дечки за муабет.

Јас конкретно пред десетина дена ја нарачав VIOFO A118C, со Novatek NT96650 процесор и со Aptina AR0330 CMOS сензор. Ми се допадна тоа дека покрај солидните перформанси, има и прично неупадлива форма (во однос на други камери) и тешко се приметува кога е монтирана во кола (значи и помалку е мета за крадење). Не се лепи со онакво вакуум кругче, туку со 3М леплива лента, и кога ќе се намонтира изгледа како држач за ретровизорот (или така нешто).
Пред скоро испадна новиот модел А119, и цената на А118-ката падна. Башка што моделот е A118C и камерата има супер кондензатори наместо батерија - посебно важно за кај нас пошто во лето имаме топла клима и во колите се развиваат солидно високи температури (што е смрт за батериите).
Така да после препораките и читањето ревјуа си ја нарачав A118C:
http://www.gearbest.com/car-dvr/pp_142025.html?vip=217437
Ја има и на Ибеј и на Алиекспрес, но Геарбест некако ми е најдобро место за купување на вакви работи. На Ибеј и на Алиекспрес има многу продавачи на еден ист производ и доста од тие понуди се лоши копии, на Геарбест продаваат една верзија која секако е добра (па дури и да е копија). Во случајов A118-ката од Геарбест е дефинитивно од VIOFO. На Геарбест има и ГПС модул за некои 5 долари, јас не нарачав пошто не сакам да ми стои км/ч на видеата.

Инаку има милион ревјуа не нет за камерава:
https://www.youtube.com/results?search_query=a118+dash+cam

На некои од видеата има и упатства за монтажа на каблите под шал табла. Некој поназад прашуваше вакво нешто, тогаш немав добар совет - сега можам да го препорачам следниов DC на DC конвертор за ич пари:
http://www.aliexpress.com/item/Free-Shipping-LM2596-ADJ-DC-DC-Step-down-Step-Down-Power-Supply-Module-4V-40V-Adjustable/32320071479.html
Овој е деклариран на 3 ампери, од ентузјасти е тестиран и докажан... Иако 3А е неточна спецификација и конверторот никако нема да преживее долго користење на 3 ампери, дури и на 2 ампери солидно се загрева. Но конкретнава камера VIOFO A118C влече само 1 ампер и со посочениов конвертор е добра комбинација. Нормално, најдобро е да се спои на 12волтна линија која се прекинува со исклучување на контакт.
Ајде ако не заборавам, ќе ја документирам постапката кога ќе ја монтирам камерата.

Еве ревјуа за конверторот:
http://lygte-info.dk/review/Power%20Adjustable%20buck%20converter%20LM2596%20UK.html
http://www.youtube.com/watch?v=6LTxJWsn1HQ


Еве како (неупадливо) изгледа А118 кога е монтирана.
https://dashcamtalk.com/forum/threads/b40-a118-ae-cc30-mounted-in-your-car-photos.5909/page-7





Инаку новиот модел (А119) има поголема резолуција, ама јас лично мислам дека резолуции над фулХД ќе значат премногу главоболки со мемориски картички (помало време на снимање, побарување на поголема брзина на запис, итн).

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #156 на: 16 Август 2016, 21:06:18 pm »
Го разгледав се тоа, али кенвудот е сериозна марка, и во споредба има скоро исто видео со Блеквју 650 која е 350$. Е сеа не најдов поштено ревју како на даш кам па затоа прашував.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #157 на: 17 Август 2016, 00:15:28 am »
Па баш за тоа што кенвуд е марка, а брендовите солидно си го наплаќаат името. Ама па ако ти прави кеиф, 80 евра не се големи пари за камера. Но од друга страна камерата нема солидна корисничка база, не можеш да знаеш точно колку ја бива, не можеш да очекуваш лесни решенија на некои евентуални проблеми (или модификации, ако си по тој спорт). Спецификациите ги гледаш сам - Кенвудот има некој неименуван сензор од 2 мегапиксели, а А118-ката има Aptina AR0330 со 3 мегапиксели кој го има во десетици добри (некои и скапи) камери од последниве 2-3 години. Сега како излегуваат нови технологии таквите постари чипови како Aptina AR0330 имаат се подостапна цена. Така Кинезите прават евтини а сеуште прилично добри производи.

За помалку од 50 долари, А118 е сериозно добра камера. Ако бараш повеќе и сакаш да дадеш повеќе пари - зошто не го разгледаш новиот модел, А119:
https://dashcamtalk.com/a119/
Јас сериозно размислував А119 да ја нарачам, ама на крај заклучив дека резолуција од 2560×1440 не ми вреди за компликациите (со мемориските картички, поголем бекап простор, итн). 1920×1080 ми е доволно, а во иднина кога ќе земам нешто подобро - А118-ката ќе иде позади за задна камера.

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #158 на: 17 Август 2016, 01:15:16 am »
Ако веќе земам ке земам а119ка.
Али коа видов оваа камера во споредба со 650ка на блеквју, за тие пари стана примамлива.

Конкретно ова видео:


Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #159 на: 05 Септември 2016, 19:44:08 pm »
JAKA работа. Има некој пробано?

https://www.aliexpress.com/item/New-Full-HD-1080P-Car-Dvr-Camera-Novatek-96655-4-3-Inch-Rearview-Mirror-Digital-Video/32659766838.html?shortkey=NnamUnQR&addresstype=600






Има можност да се поврзе задна камера.







Ова се слики од купците што ставиле.
« Последно менување: 05 Септември 2016, 20:05:43 pm Allexxander »

Присутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #160 на: 05 Септември 2016, 20:32:26 pm »
^
Има цимерот ставено вакво (неговото со андроид е), исто поврзана му е и задна камера. Работеше едно време океј, ама после почна да не му ги снима видеата нешто појавуваше проблем, а дали го има средено не знам, знам дека уште му стои :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #161 на: 04 Октомври 2016, 14:48:14 pm »
Препорачајте некоја камера, да не е преголема пошто постојано веројатно ќе е во кола.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #162 на: 19 Април 2017, 13:17:04 pm »
Земав една камера за во кола, ама приметив дека кога е поврзана и кога работи, на радиото многу се намалува сигналот и шушти.

Дали некој имал ваков проблем и како го решил?

По интернетот видов дека доста честа работа било ова, повеќето викаат дека е од конверторот од 12 на 5 волти (се поврзува кај упаљачот).

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #163 на: 20 Април 2017, 13:33:12 pm »
Кај мене нема проблеми, можеби има значење тоа што напојувањето го поврзав горе кај светлата до ретровизорот (конверторот на 5 волти ми е одделно купена плочка).
Мислам дека повеќе игра улога осетливоста на тјунерот од радиото.

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Камери за во кола (dash cam)
« Одговори #164 на: 28 Април 2021, 09:20:24 am »
Ај да ја кренам темава малку.

Вчера имав многу непријатна ситуација во сообраќај, па нормално денеска почнав да размислувам за камера в кола.

Знам дека се појавија многу небулози и невистини за снимање со камера од кола, па едно време се пишуваше по порталиве дека тие што имаат фабрички камери треба да ги деактивираат во сервис и сл. Но според тоа јас што имав читано кога се пишуваа овие информации пред 1-2 години, не најдов ниеден закон со кој што се забранува снимање со даш кам. Единствено на порталиве, кои нормално  дека пишуваат (ШОКАНТНО и СКАНДАЛОЗНО) за да имаат кликови.
Многу би бил благодарен ако некој ми испрати конкретен член од закон каде би прочитал дека не смее да се снима. Портали како република, курир и сличните не ме интересираат :)


Исто така може да дадете некоја препорака за камера, без разлика дали од овде или треба да се порача од Ибеј/Алиекспрес. Доколку имате видео со снимен материјал од дење и ноќе би било уште подобро.