Ова е полначот за гарминот. Пошто во струја не се разбирам многу, скоро па ич, онака лаички колку можам да видам гарминот си бара струја од 1А. Ако грешам исправете ме.
Прашање број 2: Дали користењето на двата уреда истовремено ќе прави проблем на акумулаторот? По она што го прочитав во упатството за колата пишува дека запалката за цигари има осигурач од 20А, значи не би требало ама да си спијам мирно.
Сум читал по форуми дека на одредени камери често имаат проблеми (коруптирани видео записи) кога се на ист конвертор со мобилни телефони, и слични уреди. Конверторите често имаат напумпани спецификации, поточно - лажат.
Втората опција изгледа дека е обичен физички сплитер на три излеза по 12 волти - тоа е добро за твоите намени. Ако се работи за конвертор на 5 волти, не би му верувал да спојувам два потрошувачи.
Ако ја оставаш камерата постојано во возило, најдобро е да ја поврзеш директно. Има упатства на нет. Треба да го донесеш кабелот покрај шофершајбна внатре под шал табла и најди некаде да го споиш директно на 12в (кај осигурачите можеби?)
Инаку акумулаторот нема гајле од такви мали потрошувачи. Требаат недели/месеци за да го начнат капацитетот.
Не ми се познати тие камери од линковите, ама ти си знаеш ваљда пошто сакаш да ги купуваш. Имаш неколку поста погоре линк до дашкамток, добро место за ревјуа на камери за во кола. За тие пари има одлични камери.