(А118 некој имаше тука)
Jaс.
Еве ја со години си ја врши работата. А119-ката наводно е подобра за нијанса, но според видеата што ги гледам на нет не е драстична разлика (не баш ни видлива, на страна од поголемата резолуција). Чекам да испадне значајно подобар модел за да се надградам, а постоечката камера да ја ставам наназад да снима.
Важна работа за камериве во кола е да се без батерии, пошто страдаат од топло/ладно. Наместо нив подобро е кога има ставено поголем електролитски кондензатор, и тој служи како батерија, држи доволно долго за камерата регуларно да си направи shutdown.
Знам дека се појавија многу небулози и невистини за снимање со камера од кола, па едно време се пишуваше по порталиве дека тие што имаат фабрички камери треба да ги деактивираат во сервис и сл. Но според тоа јас што имав читано кога се пишуваа овие информации пред 1-2 години, не најдов ниеден закон со кој што се забранува снимање со даш кам. Единствено на порталиве, кои нормално дека пишуваат (ШОКАНТНО и СКАНДАЛОЗНО) за да имаат кликови.
Многу би бил благодарен ако некој ми испрати конкретен член од закон каде би прочитал дека не смее да се снима. Портали како република, курир и сличните не ме интересираат
Откако ја имам камерава ме имаат застанато десетина пати и ниеднаш полицаец не ме прашал за камерата. Ниту па сум слушнал било каде на некој за камера да му имаат кажано нешто, или напишано казна. Ова со законите баш ме интересира, мислам некаде дека имаме зборувано ама не најдовме текст од закон, само од портали (без наведени извори/закони).