Очигледно не разбра што пишува погоре. Кога сликаш со телефонот наопачки, се снимаат некои податоци во самата слика за ориентацијата, па фотовјуерите во телефоните и компјутерите знаат да ги интерпетираат тие податоци и автоматски да ти ја свртат сликата и тебе да ти изгледа правилна. Интернетов уште има мака тоа да го праи, па кога ќе ја аплоуднеш сликата, таа се прикажува во онаа позиција како што е сликана со телефонот. Затоа е потребно со некој фото едитор да ја видиш вистинската ориентација, а не онаа запишаната во тие „некои податоци“ што ги спомнав горе, и да ја изротираш како што треба пред да ја аплоуднеш.
Нејсе. Ако си од телефон, не користи тајнипиц, користи имгур. Имгур има фото едитор, и може да си ги ротираш сликите како што треба.