Зошто би било лошо да користиш 10-40, има квалитетни масла со таа градација. Интересно во упатсвото за Цитроен Ц1 1.0 бензин(мотор на Тојота) пиши да се користи 15-40, ама најчесто од читање по форуми му тураат 10-40.
Не станува збор за лошо добро. Прво градацијата е резлична, структурата на наслото е различна. По правила на нештата би требало зимно време да се става ретко масло, летно време густо масло, условно кажано. Во модерно време се направени компромиси, па се користи едно масло со широк температурен дијапазон.
Него едноставно тој мотор е нов, изработен по стандарди, и нормално треба да се ставаат масла кој задоволуваат одредени стандарди и се препорачани за тој тип мотор.
Затоа му предложив да го смени производителот на маслото. Но тој веќе тоа го направил и увидел дека најдобро моторот му се однесува со 10-40.
Нема никаков проблем, слободно може да си го користи тоа.
Иако најчесто градацијата се зголемува на мотори кои имаат поминато многу голем број километри, намалена е компресијата, односно има истрошеност на деловите, кариките, цилиндрите итн итн па самата состојба си бара малку погусто масло да не бега...
Овдека сепак би се сомневал на квалитетот на маслото кое што се продава кај нас...
Тоа ми е во последно време некако малку поактуелно, одколку се друго...