Ја па никад не би сечел пластика од крило, што штити од ѓубре, прљавштини, вода, што е и звучна изолација, итн итн, заради гума.
Плус, ако (ради било која случајност) се реши да ја исече пластиката - како ќе знае дали е доволно? Што ако сега е добро, а утре ја натовари колата уште повеќе, со 3ца луѓе позади, со еден куп товар во багажник, и тргне на пат? Што му гарантира дека нема пак да закачува?
Затоа викам - фабрички димензии си се фабрички димензии. Не за џабе постојат, и не за џабе Јапанците ги дале тие мерки и димензии.
Ако веќе инсистира на тие широки гуми, тогаш единственото реално и добро решение е да се стават потврди амортизери, кои нема да дозволат да закачува тркалото, или евентуално да ги смени бандашите за модел со помал офсет, но и тоа си бара истражување - дали ќе биде све ок со кочници, итн. Све друго е импровизација, чија исплатливост, безбедност и долгорочна ефикасност е под голем знак прашање.