кај мене почиња да брефта на 5.000 +/- зависи од плинот... не го нахранува доволно моторот т.е. дизните.. проблемот се примети уште на старт од користење, често се дешаваше кога ке стапнам на гаста на некои недефинирано одредени обртаи да префрли на бензин... прво софтверски и уште на монтажа на калибрирање направивме во ниеден случај да не префрла на бензин, пошто сите секвент плински уреди имаат опција на одредени повисоки обртаи да префрлат на бензин, поради заштита на дизни (плински) дефинирано е дека на тие обртаи е потребна поголема снага поради престигнување и слично... значи тој мод беше исклучен односно направен да префрла на 9.999 обртаи (максимумот што го дава софтверот) што во превод значи НИКОГАШ... оставен беше само модот во случај на дефект на плински уред да префрли на бензин и во случај да снема гориво т.е. притисок во дизни да префрли на бензин.. и токму тоа се дешаваше, плинскиот компјутер чита од дизни и црева под хауба а не од боца... ке падне притисокот во дизните и ке префрли на бензин...
после тоа на мапата директно влеговме со ГЛАВНИОТ СЕРВИСЕР ОД ПЛИМОНТ Т.Е. САШЕ (тука морам да го пофалам пошто човекот е компјутер) и направивме рачно подесување на мапите за режим на работење... значи уште еднаш, алал да му е за изгубеното времето (жал ми е за лугето што чекаа) со мене пошто знам да бидам мнооооогу напорен за тоа, за потрошените 4-5 саати правење мапа, една по една ставка со 2 вклучени лаптопи дел во возење дел во стоење успеавме да направиме карта и мапа на работење никогаш да не префрли на бензин, а да влече како ненормално ама до 5.000 обртаи а воедно и да добиеме потрошувачка која е за 10-тина проценти ПОНИСКА одошто на бензин... картата е снимена и ја чуваат во софтверската архива на плимонт и би била валидна само за исто вакво возило со ист таков плински уред.. ама дефиницитивно мора да има потполно ист плински уред на ист начин монтиран-прикопчан на возилото... во тој момент се бараше (доволно беше) да се монтира цевка ф6 за довод на гориво.. сега се бара ф8 за довод на гориво од боца до расплињача и веке се менуваат параметрите... ама сигурен сум дека Д.Р. САШЕ ке најде и/или заедно ке смислиме мапа и за тој сет...
значи секое возило може ова да се направи... толку многу навлегов во проблематиката со плинот што мислам дека имам решение за уште подоле да ја намалам потрошњата... ама компилцирано е...
се сеќавате на дискусијата за алфата о д 100% плин +15% бензин? е така нешто...