Уште неможам да сфатам зашто се замарате како некој возел или колку му трошело, јас си возам како што јас сакам а бензинот си го плаќам со пари што јас сум ги заработил односно не ми ги дал никој од тука за да ме осудува.
Дискутирајте, не се напињајте.
ако е така на пола теми треба катанец да им се удри... бензин вс дизел на прво место... после за гуми, па за плин, па за масло и сите други работи...
тема ко тема, да се дискутира...
со фаланга се разбравме во ПП...
инаку ке даде ли некој пример дали и како има разлика помеѓу свекици декларирани за возило дека не чинеле туку морал да стави за плин свекици и наводно паднала потрошњата.. јас сметам дека е тоа чиста глупост и ноторна лага, и нај благо кажано е маркетингшки трик за зголемена продажба на одредени добра...
понатака... плин како плин смесата му е различна од производител до производител.... еднаш дури слушнав дека во нас гас турале (пази ова) АЗОТ во плинската смеша, затоа што азотот е поевтин од плинот а како смеша и како гас не согорува туку го исфрла директно низ ауспух... и тоа го сметам како глупост...
и стварно ме интересира искуството од различни пумпи од аспект на потрошња... на пример ретко турам од макпетрол и со нив ми е конси-конса.. еднаш добро троши еднаш повеке троши... од лукоил исто.. еднаш вака еднаш така и во принцип кога троши поише и послабо влече... претежно турам од нас гас плин и од таму процентот е поинаков 1 од 10 боци е срање...