Автор Тема: Доверливост на постари vs понови автомобили  (Прочитано 11723 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Абе колата си е путерче, кукла, има се што можам да посакам а и повеќе од тоа и нема веројатно никогаш да ја продадам...

Али воедно е и убава прилика да пробам да аргументирам низ темава колку модерната авто индустрија е ценовно бесмислена, почнувајќи со моменталната цена на колава во салон, преку доплатите за вакви безвезални ситници/украси , па се до резервните делови или поскапи кварови..

А може нели и само да си ја фалам и да ги оправдувам сите трошоци за кои ќе ме репне по џеб во идина под изговор дека тоа е тоа и ако сакаш ефтино - вози си Југо. ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #1 на: 06 Февруари 2018, 15:58:10 pm »
Модерната авто-индустрија е ценовно бесмислена, а на времето била ценовно-логична?

Немој, молим те.

Возиш кола што нова чинела 25.000 евра (или колку и да е..). Си ја купил за (да речеме) упола од таа цена. Немој да мислиш дека одржувањето е како кај кола од 12.000 евра. А ни тие не се евтини.

Возиш нова кола. Со сите позитивни и негативни страни на истото. Накриви капче, гледај да не ги пернеш некаде праговите и уживај во благодетите на кола произведена во 21ви век. :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #2 на: 06 Февруари 2018, 21:30:57 pm »
Види...капчето е одамна накривено со левата рака, али десната е на стенд бај да почне да брца во џебот малку подлабоко од порано...
Здравје, ќе видиме колку си во право ..

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #3 на: 06 Февруари 2018, 22:50:29 pm »
Модерната авто-индустрија е ценовно бесмислена, а на времето била ценовно-логична?

Немој, молим те.

Возиш кола што нова чинела 25.000 евра (или колку и да е..). Си ја купил за (да речеме) упола од таа цена. Немој да мислиш дека одржувањето е како кај кола од 12.000 евра. А ни тие не се евтини.

Возиш нова кола. Со сите позитивни и негативни страни на истото. Накриви капче, гледај да не ги пернеш некаде праговите и уживај во благодетите на кола произведена во 21ви век. :)
Класен
Модерната авто-индустрија е shit.Располагам со 2 гланц нови коли купени од салон (возила од луксузна класа не било што).Деловите ужасно прескапи а исто и редовниот сервис во овластениот сервисер.На туарегот имам моментални 148 000 (2009) ми се расипа едната клапна за воздух не отвара доволно и возиото почна на некој начин да гуши и да не работи и да не оди како што треба.За таа истата клапна ми побараа некои си смешни 500-600 евра.Па дај мољим те.На возило со 148 000.Исто така ми се расипаа преден лев и заден десен прозор.Ги спуштив и се искршија пластичните запчаници и останаа спуштени сред зима.Се возев до Скопје со отворени прозори на -5 внатре со капа и шал.Го нема квалитетот како порано.Ги направија колите за премногу кратка употреба и да ги фрлиш.Не само ефтините туку и луксузните.Имам пријател со Масерати на кој почна да му  се отшива кожата од шалтаблата и од седиштата.Колата имаше некои си 18-22 000км Од револт им ја врати колата па после му лижеа јајца да му дадат нова со попуст со ова со она....
Нема веке коли како порано и затоа го сваќам револтот на @Stratro  за цената и квалитетот на пластиките во неговиот случај

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #4 на: 07 Февруари 2018, 11:01:57 am »
Види...капчето е одамна накривено со левата рака, али десната е на стенд бај да почне да брца во џебот малку подлабоко од порано...
Здравје, ќе видиме колку си во право ..

Со поновите коли (објективно) добиваме многу повеќе. Добиваме подобра безбедност (благодарение на подобри crumple зони, повеќе ербегови, повеќе системи за активна и пасивна безбедност, итн), добиваме подобар комфор, подобра ергономија, многу повеќе опрема и играчки (за кои многу викаат „ама мене тоа не ми треба“ за после пола саат да си легнат на брашно и да сконтаат дека Bluetooth врзување со мобилен е Убава Работа во денешно време), многу повеќе практични моменти, итн.

Е сега.. Сето тоа ги прави колите покомплицирани. Со тоа, и порасипливи. Тоа е трејд-оф кој треба да го прифатиме, особено од аспект на безбедност. Јас (пу-пу, скраја да е) многу повеќе би сакал да сум во Астрата ако дојде до не-дај-боже ситуација, него во Калибрата.

Многу добро си знаеш и сам - одржувај ја колата како што треба, не како што просечниот Македонец кој купил BMW за 15.000 евра наместо Астра, да речеме, па после го крпи BMW-то кај ќе стигне бидејќи нема пари да одржува премиум возило - и сè ќе си биде во ред.

Класен
Модерната авто-индустрија е shit.Располагам со 2 гланц нови коли купени од салон (возила од луксузна класа не било што).Деловите ужасно прескапи а исто и редовниот сервис во овластениот сервисер.На туарегот имам моментални 148 000 (2009) ми се расипа едната клапна за воздух не отвара доволно и возиото почна на некој начин да гуши и да не работи и да не оди како што треба.За таа истата клапна ми побараа некои си смешни 500-600 евра.Па дај мољим те.На возило со 148 000.Исто така ми се расипаа преден лев и заден десен прозор.Ги спуштив и се искршија пластичните запчаници и останаа спуштени сред зима.Се возев до Скопје со отворени прозори на -5 внатре со капа и шал.Го нема квалитетот како порано.Ги направија колите за премногу кратка употреба и да ги фрлиш.Не само ефтините туку и луксузните.Имам пријател со Масерати на кој почна да му  се отшива кожата од шалтаблата и од седиштата.Колата имаше некои си 18-22 000км Од револт им ја врати колата па после му лижеа јајца да му дадат нова со попуст со ова со она....
Нема веке коли како порано и затоа го сваќам револтот на @Stratro  за цената и квалитетот на пластиките во неговиот случај

Истото од погоре. Да, колите се порасипливи од порано. Никој не го негира тоа. Ама тоа е примарно бидејќи има многу повеќе работи што може да се расипат.

Километражата нема апсолутно никаква врска. Проблем може да се случи и на 5000 километри (како што му се случи на татко ми на Королата на времето), и на 255.000 километри.

Ти побарале 500 евра за дел за кола што коштала нова 50-60-70.000 евра? Помалку од 1% од вредноста на колата? Се очекува ако веќе си ги дал тие пари, дека имаш пари и да ја одржуваш колата како што треба.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #5 на: 07 Февруари 2018, 14:13:55 pm »
Па ако овие се порасипливи што на 100.000км треба само трипати уље и филтри да им мењаш, и ништо друго, не знам што биле оние „од минатото време добрите коли“ што требало на 5-7.000 уље, на 15.000 вентили да штелнеш, карбуратоторот секоја есен коа ќе стане влажен ваздухот да го штелнеш, добошите никад не фаќале убаво, рамнотежата на кочење напред/назад треба да ја штелуваш на 3 месеци, ремонт редовно на 100.000-120.000, парното у кабина ако имаш среќа ќе работи, летвата на волан луфта од сама фабрика има од 15 стпени празен `од  на волан, сајлата за куплунг или ја штелаш или се кине, свекиците бакарни со 10.000км животен век и ред други работи... Тоа се „правите коли, ефтини за одржавање“.
Добро сеа, постои една група ентузијасти, „алфисти“ ги викаат кои уживаат во заебанции околу колите, ама генерално колите се ојдени напред во секој поглед, од сложеност до изджливост и релиабилити.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #6 на: 07 Февруари 2018, 14:29:01 pm »
Некако неможам да замислам дека Астрава во 2036 та година ќе биде во приближно исто стање како Калибрата денес али ај....ако грешам нека изгорам. ;D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #7 на: 07 Февруари 2018, 14:37:44 pm »
Некако неможам да замислам дека Астрава во 2036 та година ќе биде во приближно исто стање како Калибрата денес али ај....ако грешам нека изгорам. ;D

Ако има исто километри, како калибрата денес, и ако ја чуваш под исти услови, јас верувам дека помалце р`ѓа ќе има. Мада Опел.. не би стаил рака у оган за р`ѓата ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #8 на: 07 Февруари 2018, 14:48:33 pm »
It`s not rust, it`s self weight reduction.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #9 на: 07 Февруари 2018, 14:53:08 pm »
Mind р`ѓата, мислам дека денешниве коли трпат повеќе „иживљавање“ од колите кои сме ги возеле порано. Има некои моменти кои порано биле поарни, ама сеа поради некои „рециклирачки“ и „еколошко освестени“ норми мора да ги трпиме, но генерално, новиве коли се подобри и попоуздани механички склопови. Нека ти текне на првиот дел од последната grand tour ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #10 на: 07 Февруари 2018, 15:09:47 pm »
Staj i keramika, ni rgja ni nishto ke nemas :P :D i nema da ti se rasipuva - added bonus

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #11 на: 07 Февруари 2018, 15:14:40 pm »
Ниедна денешна кола нема да издржи 2 милиони километри како старите mercedes w210 и w124, милион како бмв 5, голф 4, пасат, буба, 800.000 како тико/рено4, сеа на 250.000, евентуално 300.000 рециклажа. :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #12 на: 07 Февруари 2018, 15:18:33 pm »
Ниедна денешна кола нема да издржи 2 милиони километри како старите mercedes w210 и w124, милион како бмв 5, голф 4, пасат, буба, 800.000 како тико/рено4, сеа на 250.000, евентуално 300.000 рециклажа. :D
Khm...
 https://suchen.mobile.de/fahrzeuge/search.html?damageUnrepaired=NO_DAMAGE_UNREPAIRED&isSearchRequest=true&maxPowerAsArray=KW&minFirstRegistrationDate=2000-01-01&minPowerAsArray=KW&scopeId=C&sortOption.sortBy=specifics.mileage&sortOption.sortOrder=DESCENDING

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #13 на: 07 Февруари 2018, 15:37:42 pm »
Хахаха браво за овој со сеатот, за една година, 7 милиони километри. За спринтерот и другите мерцедеси верувам дека свртеле 2-4милиони,  ама корса не верувам. И за некои други спрема цените очигледно згрешиле. 10000 евра за кола со милион и кусур, не фала.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #14 на: 07 Февруари 2018, 15:44:48 pm »
Тоа беше само брз срч да видиш дека многу коли од овој век поминуваат здрави километри. Да сакав подетално, ќе ти пуштев конкретни модели: https://suchen.mobile.de/fahrzeuge/details.html?id=256189352

Си проаѓаат колите километарчиња. Панда со преку миљон, клио со 2 миљона... има, има..