Автор Тема: Интервали на мали и големи сервиси  (Прочитано 20929 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3626
Интервали на мали и големи сервиси
« на: 30 Јули 2013, 16:35:01 pm »
Читајќи по интернетов ми текна дека на форумов немаме ваква тема, која е доста интересна за мене. Особено е интересна од страна што нашите сервиси на големи ги скратуваат интервалите за речиси секој сервис и секоја ставка иако за некој немаат никакво оправдување во поглед на нечисто гориво, температури....

Лично кај мене за возило Ауди А4 B8 2.0 ТДИ, разликата помеѓу сервисните интервали и промената на деловите кој ги препорачува фабриката, а кој сервисот е следна:
                                                           Фабрика / Порше Македонија
Промена на уље и филтер за уље           15.000км /  10.000км
Замена на филтер за воздух                  90.000км /  10.000км (ова смешно е веќе :) )
Замена на филтер за гориво                  60.000км / 60.000км (овој филтер по моја иницијатива го менувам на 20ккм)
Замена на филтер за прав и полен         30.000км / 10.000км
Замена на течност на сопирачки            36 мес.   / Сеуште немаат сменето, колата наполни 4год, следниот сервис сигурно ќе побарам ова
Замена на запчест ремен                     180.000км/ 90-100.000км.

Исто да напоменам дека и во сервисната книга се свесни дека се работи за Македонија така да напоменуваат дека тука не важи LongLife(иако ставаат LL уље) интервалот за сервис, и веројатно сите препораки за смена и проверка на делови се направени во согласност со условите во нашата земја.

Значи, како што може да се види од погоре споредбените ставки, сервисот Порше Македонија скратува на скоро секоја ставка. На пример филтерот за воздух на моторот не гледам зошто би се менувал на 9 пати помала километража од пропишната. Се согласувам дека 90ккм се премногу за кај нас, но мислам дека и 30ккм се сосема солидна километража која без проблем би ја издржал, конркретно и кај мене каде што колата се вози 75% на отоворено сигурен сум дека на 10ккм филтерот е прилично чист. А од друга страна за филтерот за гориво препорачуваат како што навела  фабриката, а истиот вреди скоро исто колку филтерот за воздух т.е. доста е ефтин.

Друга голема разлика приметувам во препорачаниот голем сервис, т.е. замена на запчест ремен. Тука се препорачува замена на сетот запчест ремен на 180ккм, а никаде не се спомнува водена пумпа, заради тоа што веројатно истата е предвидено да трае колку и возилото, но во Порше Македонија препорачуваат големиот сервис да се прави на 90 до најкасно 100ккм и при тоа да се смени сет запчест ремен, сет клинест ремен и водна пумпа. Искрено  не е нешто многу скап и тој  сервис во однос на класата на колата и јас ќе го правам на 100ккм, но сеуште не ми е јасно зошто во сервисниот план пишуваат едно, а во сервис кажуваат друго.

На оваа тема имам разговарано во Порше и одговорот им е дека го скратуваат интервалот заради гориво, климата, патишта и уште 100 глупости кој немаат врска и ги зборвуаат како програмирани. Јас до сега на сите сервиси ги менувам сите препорачани работи од Порше од причина што не се воопшто скапи а не верувам дека и штети на колата порано да смениш филтри и сл :)  но исклучително ме нервира оваа нивна пракса и политика зошто е еден вид на лажење во сервисниот план.

Исто да напоменам дека добар другар кој има добри пријатели во Порше и поседува Пасат 2.0 ТДИ B7 и Поло 1.4 доби препорака од пријателот сервисите да ги прави на 15.000км и се освен филтерот за гориво да си менува според сервисниот план. Исто така и гаранцијата важи се додека се придржуваш до сервисниот план.

Каква е ситуацијата со вашето возило, што препорачува фабриката, што препрачува сервисот и се разбира што слушате вие од сето тоа ?
« Последно менување: 30 Јули 2013, 16:46:19 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29172
    • CARclub.mk
Одг: Интервали на мали и големи сервиси
« Одговори #1 на: 30 Јули 2013, 17:06:39 pm »
Наскоро треба да правам трет сервис на Голфот (на 12ти ми закажаа), па ќе се распрашам убаво.

Информациите кои ги имам (неофицијални, секако) се дека сервисите може да се прават на 15.000 наместо на 10.000 км, без загуба на гаранцијата.

Од друга страна, филтер за воздух би менувал на секој сервис, со оглед на квалитетот на воздухот во Скопје. На Леонот редовно го вадев филтерот меѓу сервиси да го истресам, пошто беше као загипсиран. На Голфот не ми текнало, али еве ќе го извадам деновиве и ќе го сликам, баш да го видам во која состојба е пред сервис.

Најверојатно сервисните интервали се скратени пошто нив така им одговара. Би било интересно да побараме официјален допис од VW за намалените интервали, за да видиме официјално објаснување. Рекла-казала муабетите кои ги кажуваат не се официјални, а факт е дека здраво дерат на некои работи во сервис.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7303
Одг: Интервали на мали и големи сервиси
« Одговори #2 на: 30 Јули 2013, 17:27:35 pm »
Каде да најдам сервисни интервали за голф 5 косилица ??? За некој ден, 130.000км...

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3626
Одг: Интервали на мали и големи сервиси
« Одговори #3 на: 30 Јули 2013, 17:31:11 pm »
Веројатно во папката што ти ја дале со колата кога сте ја купиле. Кај мене таму има се, и од таму се информацииве. Се е преведено на Македонски.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33903
  • Таков е животот... јебига
Одг: Интервали на мали и големи сервиси
« Одговори #4 на: 30 Јули 2013, 18:18:52 pm »
Наскоро треба да правам трет сервис на Голфот (на 12ти ми закажаа), па ќе се распрашам убаво.

Информациите кои ги имам (неофицијални, секако) се дека сервисите може да се прават на 15.000 наместо на 10.000 км, без загуба на гаранцијата.

Од друга страна, филтер за воздух би менувал на секој сервис, со оглед на квалитетот на воздухот во Скопје. На Леонот редовно го вадев филтерот меѓу сервиси да го истресам, пошто беше као загипсиран. На Голфот не ми текнало, али еве ќе го извадам деновиве и ќе го сликам, баш да го видам во која состојба е пред сервис.

Најверојатно сервисните интервали се скратени пошто нив така им одговара. Би било интересно да побараме официјален допис од VW за намалените интервали, за да видиме официјално објаснување. Рекла-казала муабетите кои ги кажуваат не се официјални, а факт е дека здраво дерат на некои работи во сервис.


Не се губи гаранцијата зошто они не можат да докажат дали си го возел голфот во идеални или во тешки услови. Тоа најдобро ти си го знаеш. Ако знаеш дека си возел во тешки услови прави на 10к па и помалку, ако не тогаш искористи и направи на 15к. Немој само да ти трпи голфот зошто ти си бил/не бил стипса ;D

Смени си сам дома масло на 7к километри ако го оптеретуваш моторот и користиш гомно од нафта, па оди на 15к на редовен сервис. Јас така направив на Твингото. Вика прв сервис и редовни сервиси на 10к км, но јас сменив масло на 5000 и имам уште 1200км до редовниот сервис.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Интервали на мали и големи сервиси
« Одговори #5 на: 30 Јули 2013, 19:11:14 pm »
На пунтото редовен сервис е на 10 000км.

Масло
Филтер масло
Филтер воздух

Филтер за полен е на секој втор сервис или 20 000км

Свеќици се мислам на 30 000км


Јас правам сервис на 7 до 8000км, менувам се што има од филтри и тоа е тоа. Филтер за воздух секогаш, кога успеа БМЦ филтерот на претходната кола да се направи црн за само 10 000км, можам да замислам што се случува со обичните
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4630
  • Passat B8
Одг: Интервали на мали и големи сервиси
« Одговори #6 на: 30 Јули 2013, 22:00:09 pm »
Temava ti e na mesto...
Servisite gi pravam na 10k kako sto predviduva nasiov servis. Sepak fabrikata predvidela za EU uslovi, kaj nas ovaa prasina i losa nafta ja nema vo EU. Taka da dosega dva servisa napraviv, za nekoj mesec se blizi i tretiot. Jas vleguvam so kolava na gradilista kade ima prasina vo izobilie,  filterot za vozduh i polen sigurno se betonirani. Sepak mislam deka podobro e redovno duri i porano nekoj kilometar da smenam, posle da bide docna...   ;)
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Интервали на мали и големи сервиси
« Одговори #7 на: 30 Јули 2013, 22:13:40 pm »
Не е само со колите, кај нас купуваш патики, два пати дневно ги гланцаш во сунгерче за да светат. Низ европа каде што сум бил, освен ако не газиш низ земја или камчиња, еднаш неделно ги чистиш...ете толкава е разликата
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3603
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Интервали на мали и големи сервиси
« Одговори #8 на: 30 Јули 2013, 22:24:47 pm »
вака ќе кажам за порше. утнав еден сервис и отидов на 16.000 т.е. 6000 од пропишаниот... ми намигнаа само и рекоа не касниш многу, резервар-два гориво...што значи не е фрка и да отидеш на 15 000. друго незнам од кај  ова дека запчест ремен се мења на 180к километри коа у сервисна книшка пишува на 90.000 (ај може на а4ката е различно што не верувам. 180к се МНОГУ!) ако филтер за воздух го остаиш до 60к си луд! па и за филтерот за гориво важи истава констатација! горивото е сериозно прљаво! средство за сопирачки нема никој да ти смени у редовен сервисен интервал едино ако ти не си побараш. истото и за свеќици.  освен за филтри и масло за све ти викаат пожелно е али не мораш! додека колата е под гаранција ќе ти мењаат и тоа што треба и тоа што нетреба..после тоа ти си тој што треба да им каже дали да се мења нешто или не :)

edit: водна пумпа ти ставаат репарирана. кога мењав сет каиши сменета беше и пумпата и ме кошташе 2500 денари.

инаку од досегашно искуство се покажало дека мање више им верувам во порше..

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Интервали на мали и големи сервиси
« Одговори #9 на: 30 Јули 2013, 22:28:50 pm »
А менувал некој глицерин во овластен сервис? Колку кошта? Сакам да им побарам на следен сервис (15 000км, но возилото не е произведено сега, има неколку години)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3603
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Интервали на мали и големи сервиси
« Одговори #10 на: 30 Јули 2013, 22:30:33 pm »
ако не ти се изедени плочките мој совет ти е само да си дотуриш ако ти фали.

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Интервали на мали и големи сервиси
« Одговори #11 на: 30 Јули 2013, 22:32:49 pm »
Имам поминато 10500 км, но колата е произведена 2009 година. Да чекам до промена на плочки? :)

Инаку воопшто не фали, на МАХ е
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1262
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Интервали на мали и големи сервиси
« Одговори #12 на: 30 Јули 2013, 22:36:04 pm »
Тука има некои специфични и секако чудни работи.
Сервисите ( и званичните и незваничните ) ќаруваат највеќе на уљето, па јес вала што почесто то боље. Останатите филтри не се нешто скапи, ама претеризам е 10К КМ.
На времето јас коа ја возев Леонитна, талентите од Кадис викаа сервис на 7.500 ( за уље) а филтри на 15.000, секој втор. Ете го есапот, во уљето.
Е сеа, кај некои увозници, на инсистирање може да се тера сервис на 15.000 и да се задржи гаранцијата, а некои веќе почнаа да нудат продолжена гаранција, што генерално кошта колку 3 сервиса, па јас тука би инвестирал, а би се изборел да добијам редовен сервис на 15.000.

Инаку не верувам дека овластените сервиси би ни понудиле информација за евентуална препорака од производителите за намалениот број на километри, и мое лично убедување е дека тоа го прават на своја рака за профит.

Глицерин обавезно менувам на 3 години, иако ме гледаат попреку ви сервис, фацата е гледај го будалиот, глицерин ќе мења.

Јас би препорачал да си барате редовен на 15.000 КМ, со задржување на гаранција, мислам дека сите преќутно ке одобрат, само да не се дига џева. Се под 15.000 не го гледам како мој трошок, пошто ако треба и на 5 ке правам, ама многу ми растат ушите кога без некаква реална потреба го пунам џепот на увозникот.

Чудно е што во Порше ставаат репарирани водни пумпи, веројатно тоа е некое корпоративно правило на ниво на порше.



Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Интервали на мали и големи сервиси
« Одговори #13 на: 30 Јули 2013, 22:39:13 pm »
Во Фиат, најповеќе ќар прават со филтрите, маслото е иста цена како и малопродажната. Искрено воопшто не ми смета да ја сервисирам колата на 7-8 000 наместо на 10 000км. И вака и така, претежно догаѓа два пати годишно
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3603
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Интервали на мали и големи сервиси
« Одговори #14 на: 30 Јули 2013, 22:41:18 pm »
Имам поминато 10500 км, но колата е произведена 2009 година. Да чекам до промена на плочки? :)

Инаку воопшто не фали, на МАХ е

пичи си :)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html