Автор Тема: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар  (Прочитано 37177 пати)

Отсутен Borsa

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
CHERY EGO
Chery Ego е мал градски автомобил кој ќе Ви се допадне веќе на прв поглед! Овој автомобил е конструиран заедно со инжинерите од Детроит, а дизајнот е развиен во познатата италијанска куќа за дизајн, BERTONE. Како резултат на тоа, имаме практичен, складен и модерен дизајн. Главните принципи на стилот на дизајнот е комбинација на современа технологија и ефикасност.

Силата на автомобилот ја обезбедува ACTECO мотор со 16 вентили, со зафатнина од 1.3л и 84КС. Конструиран е во соработка со Австрискиот AVL, компанија која која ја водат еминентни европски, американски и азијски инжинери. Овој мотор се одликува со голема трајност, сила, мала потрошувачка на гориво како и многу тивка работа.
имензии (должина/ширина/висина) mm    3700 / 1578 / 1527
Меѓуоскино растојание mm   2390
Ниво на емисии на издувни гасови   EURO IV
Погонско гориво   безоловен 95
Погон   на предна осовина
Тип на мотор   16V mpi injection
Менувач   мануелен 5-степени
Број на цилиндри   4
Зафатнина на моторот ccm   1297
Сила на моторот KS/kW   84/62
Максимален обртен момент Nm   114/3500-4500 обртаи во min
Забрзување од 0-100km/h   12
Максимална брзина km/h    156
Просечна потрошувачка l/100 km   5.8
Потрочувачка на отворен пат l/100 km   4.8
Градска потрошувачка l/100 km   7.5
Зафатнина на резервоарот l   43

CHERY TENGO
hery Tengo е за многумина најатрактивниот автомобил од гамата на брендот Chery. Доаѓа во две варијанти - како седан и како хечбек. Chery Tengo го држи чекорот со светските трендови кога е во прашање дизајнот и кога се во прашање техничките перформанси. За дизајнот на овој модел ангажирано е италијанското студио Pininfarina, познато и по успешната соработка со брендовите како што се Ferrari и Maserati. Од таа причина не не изненадува зошто динамичниот и модерен изглед на овие возила претставува совршен спој на отмениот ентериер и елегантниот Европски стил.
Силата на двата модела на Tengo е обезбедена од ACTECO мотор со 16 вентили, со зафатнина од 1.6л и 120КС. Конструиран е во соработка со Австрискиот AVL, компанија која е водена од еминентни европски, американски и азиски инжинери. Овој мотор се одликува со голема трајност, моќ и многу тивка работа.
Димензии   (должина/ширина/висина) mm hatchback   4282 / 1792 / 1467
Димензии   (должина/ширина/висина) mm sedan   4352 / 1794 / 1464
Меѓуоскино растојание mm   2550
Ниво на емисии на издувни гасови   EURO IV
Погонско гориво   безоловен  95
Погон   на предна осовина
Тип на мотор   16V mpi injection
Менувач   мануелен 5-степени
Број на цилиндри   4
Зафатнина на мотор ccm   1597
Сила на мотор KS/kW   120/88
Максимален обртен момент Nm   147/4500 обртаи во  min
Забрзување од 0-100km/h   10,5
Максимална брзина  km/h    180
Просечна потрошувачка l/100 km   7,7
Потрошувачка на отворен пат l/100 km   6,3
Градска потрошувачка l/100 km   10
Зафатнина на резервоарот l   57
http://www.chery.com.mk
http://auto.blog.rs/gallery/108/chery_ego_slika01.jpg
http://auto.blog.rs/gallery/108/chery_tengo_slika03.jpg
http://auto.blog.rs/gallery/108/chery_tengo_slika11.jpg

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10881
  • 430i
Одг: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
« Одговори #1 на: 16 Јануари 2011, 23:31:40 pm »
Цениве не се баш кинески, поготово на малишанот, ОК опремата ама...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
« Одговори #2 на: 17 Јануари 2011, 07:59:31 am »
Цените се комедија за кинески бренд кој тукушто се појавил. Мислам дека кинеската компанија за овошје и Лазе од Цилаз, малку се завлезени во некој трилер. За некое време кога ќе видат колку овошје продале ќе си легнат на брашно.

Па со тие цени може да се купат возила од докажани, реномирани, брендови кои постојат еден век, за кои има и делови и сервиси и за кои е извесна иднината. Пример место Чери Тенго за исти пари се купува Ford Focus 08, Astrta Clasic III, Renault Megane, Chevrolet Cruze, Hyundai i30, KIA Cee'd и тн.

Стратегијата им била да стават едно чудо опрема, па затоа ќе им ги купивале. Се кладам дека на 90% од корисниците им немаат ниту значење ниту корист.
« Последно менување: 17 Јануари 2011, 08:01:27 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен schumaher

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
« Одговори #3 на: 09 Февруари 2011, 04:43:37 am »
KOJ SI PA TI SURKO NIZAEDEN DA KOMENTIRAS!I OVOSJETO ZA KOE MISLIS TI SE PISUVA CHERRY,A IMETO NA KOLITE E CHERY I NE OZNACUVA IME NA OVOSJE TIKVAR NIEDEN NEPISMEN. 

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29057
    • CARclub.mk
Одг: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
« Одговори #4 на: 09 Февруари 2011, 07:49:15 am »
Темата е привремено затворена, и испратена е опомена до Шумахер.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
« Одговори #5 на: 11 Февруари 2011, 12:25:43 pm »
Е поздрав до Шуми.

Случајно патот ме однесе во овошната градина на Чери. (Извини Шуми, ништо лично). И имав чест и задоволство да ги разгледам од надвор и од внатре возилата на овошната компанија (проштевај).

На прв поглед, малишанот Его е копија на Спарк, меѓутоа кога ќе влезеш внатре, опојниот мирис на рециклирана пластика и смрдлив лепак ќе ти ги разбие дилемите дека Его и Спарк се едно исто. Материјалите од кои е изработен се ефтини и, според мојата проценка, неквалитетни. Страниците се обложени со некоја синтетика која се гужва и растегнува. Од истиот материјал се и седиштата. Изгледаат како да имаат навлаки со несоодветна(поголема) димензија, што досега не сум го сретнал кај ниту еден еворпски бренд. Исто и за материјалот, не сум сретнал седишта од таков материјал и толку не-затегнати. Остатокот е направен од ефтина пластикарија, која на притисок со рака крцка и се витка. Капаците на внатрешноста од вратите, можеш да ги размрдуваш со прст, така што се прави зјај меѓу капакот и прозорт од скоро сантим. За теснотијата нема да коментирам бидејќи немам стандардни димензии, но седиштето беше јако неудобно и неанатомски. Како да ми подметнал некој перница на грбот. Ентериерот изгледа многу ефтино, како да е некое возилце од 90-тите.

Слична е и приказната со Тенго. Седиштата се од истиот тој материјал, и исто така се неудобни и неанатомски. И кај Тенго, капаците од вратите се расклатуваат со мал прст. Шалтаблата изгледа поцврста, и можда е поцрврста, но сепак има еден пластичен дел кој цел крцка како го допираш. Има многу пластикарија која накнадно е фарбана, ама неубаво офарбана. На пример на менувачот се гледаат слоеви на боја, а врз неа лак, па лакот испукал на неколку места што кај европски бренд би се случило по изминати многу иљади километри. На возачкото седиште е тесно и неудобно. Конзолата во средината која почнува од шал-таблата и оди кон менувачот зафаќа добри 40 сантими и буквално неможам да мрднам со нозете. Кога ја ставив ногата на папучата за гас, ми сметаше и ме притискаше, т.е. беше многу неудобно. Пак ќе повторам, моите димензии не се стандардни, меѓутоа во Фиестата ми беше неспоредливо покомотно одошто во Тенго, кое во димензии е една класа повеќе. Ентериерот е исто така ефтин и не-елегантен. Имаш чувство дека се наоѓаѓш во ефтин шит, што всушност воопшто не е далеку од вистината. Надворешниот дизајн е украден од разно-разни возила. Голем дел од Киа Цид/Хјундаи и30, задните врати и начинот на отварање е украден од Леон и тн.
Е сега сето тоа можеби некој ќе го проголта ако цената беше соодветна. Основниот модел на Тенго Хечбек со попусти го даваат за 10000, а Седанот за 10500. Па за тие пари или 1000-1500 евра повеќе имаш избор од еден куп возила од докажани реномирани брендови со неспоредлио поубав дизајн, ентериер и квалитет. Наводно во тој основниот влегуваат алуминумски фелни, радио со ЦД/МП3, паркинг сензори и др, ама не ми е јасно кој ќе се залета по Чери Тенго само заради паркинг сензори и алуминиумски фелни.

Да не го зборам изборот на возила на старо кои се купуваат за толку пари...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Blaze ITR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 165
Одг: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
« Одговори #6 на: 11 Февруари 2011, 16:23:30 pm »

priatelce sto naprai ti be da duvne veter ke se raspadnat a??  se imam vozeno vo site modeli na chery bas se odlicni i ne tuku izmisluvaj nekoi raboti kolite imaat 100000 km garancija i sekoj nema kes da kupi polovna kola a dobra za 10000 evra i toa sto vikas mirisa pedaljite ova ona nemas potpolno pravo ama za nisto samo treskas napamet

ne e ubavo da spominjas iminja i da navreduvas

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
« Одговори #7 на: 11 Февруари 2011, 17:11:20 pm »
Не гледам како некого навредив...Во секој случај тоа не ми беше целта. Само ги критикував кинескиве коли, кои мислам дека прескапо се продаваат за она кое го нудат. Што се однесува за тоа да дувне ветер и да се распадне кинеското возилце не би можел да тврдам или негирам. Ама ако споредуваме со еворпски брендови, баш и тоа може да се каже скоро за сите кинески возила. Пример еве Euro NCAP тест на едно возило од Chery - Chery Amulet:
За овие поновиве сеуште нема Euro NCAP тест. Има некои кинеки CNCAP кои немаат врска со Euro NCAP бидејќи се прават со помала брзина од пропшината на Euro NCAP. Кинезите ги злоупотребуваат за маркетинг.

За парите, извини, ама ќе морам да те демантирам. За 10000-11000 евра колку што се основните верзии на Tengo се купува стариот Focus, Opel Astra Clasic III, i30, Cee'd, Linea, Cruze и тн.
За парите колку што го продаваат Ego, се купува нов Spark со едно чудо опрема, i10, Picanto, Punto Clasic, Panda, Aveo.
За парите колку што го продаваат Tiggo се купува Captiva, Sportage, ix35, Sandero со максимум опрема и мотор.

За смрдеата(посебно во Ego-то кое смрди на пазарски кинески паупучи) и тоа другото што го пишав, може секој да појде во салон и да се увери дали јадам го*на или не.

Инаку и за купување кола на старо можеш да земеш автомобилски кредит или да ја земеш на лизинг.

Елем, ќе побарам тест возење на Тенго, баш ме интересираат возните својства.
« Последно менување: 11 Февруари 2011, 17:15:46 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
« Одговори #8 на: 11 Февруари 2011, 18:28:35 pm »
Нека ми извинат сите, немам намера да критикувам ниту сум возел некое Chery ама ако судиме според EUROncap тестов на возилово, без пари да ми го понудат нема да го земам. Воа не остана ништо од куклава за да се испитува после тоа. Брррррр............пу пу !

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
« Одговори #9 на: 11 Февруари 2011, 18:41:48 pm »
Нека ми извинат сите, немам намера да критикувам ниту сум возел некое Chery ама ако судиме според EUROncap тестов на возилово, без пари да ми го понудат нема да го земам. Воа не остана ништо од куклава за да се испитува после тоа. Брррррр............пу пу !
Ова е опасно и на тест возење да одиш...

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
« Одговори #10 на: 11 Февруари 2011, 18:44:40 pm »
Нека ми извинат сите, немам намера да критикувам ниту сум возел некое Chery ама ако судиме според EUROncap тестов на возилово, без пари да ми го понудат нема да го земам. Воа не остана ништо од куклава за да се испитува после тоа. Брррррр............пу пу !
Ова е опасно и на тест возење да одиш...

Имав читано дека не поминале на тест во некое списание ама немав претстава као изгледа возилото после ударот.....После ова што го видов јас не би се качил ни да ми платат.....Sorry !!!!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
« Одговори #11 на: 11 Февруари 2011, 19:07:40 pm »
Верувм дека поновиве возила им се побезбедни, но додека не видиме EuroNCAP неможе да споредуваме.

Во секој случај, дури и да се добри на EuroNCAP како и останатите европски возила, во никој случај неможат да ја имаат нивната цена. Станува збор за нов, непознат бренд од Кина што кај нас е синоним за најчкарт. Од друга страна пак имаме европски брендови докажани веќе еден век за кои е извесна иднината, постојат милиони сервиси во светот, секаде можеш да си најдеш дел и многу полесно можеш да ги продадеш. Без разлика за која класа на големина на возила станува збор, зошто некој би купил Чери наместо Ford, Opel, Fiat, Renault, Chevrolet, Hyndai или KIA за иста сума на пари?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Blaze ITR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 165
Одг: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
« Одговори #12 на: 11 Февруари 2011, 19:29:13 pm »

soberi povekje informacii da bides po kompetenten

http://en.wikipedia.org/wiki/Chery_ACTECO_engine

imas na youtube testovi za vozilata 2010 mozes da poglednes pozz

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
« Одговори #13 на: 11 Февруари 2011, 19:35:13 pm »
Не знам што од горе кажаното не е точно или компетентно. Дека нема Euro NCAP тестови, нема! Ако викаш дека има дај линк до едно. Само немој CNCAP затоа што нема врска со Euro NCAP.

Инаку тоа дека Фиат користи мотори од Chery е супер. Значи ако ништо друго ќе најдеш делови за моторот. Ама ти скршат фар, лајсна, ти се скрши нешто од ентериер и слично. нема да можеш да го земеш од Фиат.
« Последно менување: 11 Февруари 2011, 19:37:48 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Blaze ITR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 165
Одг: Кинескиот бренд Chery достапен и на нашиот пазар
« Одговори #14 на: 11 Февруари 2011, 19:49:28 pm »
Не знам што од горе кажаното не е точно или компетентно. Дека нема Euro NCAP тестови, нема! Ако викаш дека има дај линк до едно. Само немој CNCAP затоа што нема врска со Euro NCAP.

Инаку тоа дека Фиат користи мотори од Chery е супер. Значи ако ништо друго ќе најдеш делови за моторот. Ама ти скршат фар, лајсна, ти се скрши нешто од ентериер и слично. нема да можеш да го земеш од Фиат.

 ke gi najdam testovite i ke ti pustam da vidis

a kazi mi koj e toj salon vo makedonija sto prodava koli a nema limarija,delovi ..... za nejze