Blaze ITR: Ќе ти дадам најпрост пример за кинеските скутери кои на големо ги носат кај нас. Дилерот во гарантен рок неможе да обезбеди усисна грана за Jonway Ranger 244cc кој има мотор копија од Honda Helix, во производство на CFMOTO. Усисната грана ја порачувавме од e-bay. Наша среќа што тој мотор е стар и се вградува во многу четирицикли, скутери и мотори.
Инаку тие видеата што си ги постирал ништо не кажуваат. Онака направиле некоја реклама. Да не ја трупам темава со глупости, ама знаеш какви видеа ќе најдеш за Focus RS500, Megane Coupe F1, Astra GTC и тн.
Што се однесува до возењето во европа и крешовите, како што кажав сеуште нема Euro NCAP креш тест на овие возила од Чери. Ете погоре дадов Euro NCAP креш тест на едно возило од Чери. Инаку критериум за да ги увезеш во повеќето евроспки земји не се креш тестови, туку ограничувањата со емисиите на гасови, европските сообраќајни стандарди (брзинометар во километри, поставеност и боја на жмигавци) и слично. Чери успеа да внесе возила во Германија и се обидува да ги продава таму, но продажбата била катастрофална. Значи не е проблем да се внесе конзерва во европа, се додека ги задоволува погорните норми. Проблем е да се продаде, поготово во националистичка земја како Германија каде 90% од жителите купуваат германски возила.