Автор Тема: Super Dacia Duster  (Прочитано 21630 пати)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #60 на: 25 Јули 2012, 14:18:16 pm »
Си бил последно време во Унгарија?

Јас прв пат отидов 1993, се исплашив од сивилото и намуртените фаци таму. Ми се чинеше дека сум дојден во некој затвор. Ова беше во Будимпешта.

Наредниот пат отидов 2002, работите потполно беа сменети, неспоредливо подобро него на пример во Македонија.

Последен пат бев 2009. Унгарија не само што е европска земја (членка на ЕУ, НАТО дрн дрн) туку и нема воопшто разлика дали си Словенија, Унгарија, Германија или Холандија. Тоа е "катастрофалниот" резултат.

Ако за тебе следните фабрики се за шминкање:

Ауди

Опел

Хјундаи

Сузуки

Дајмлер Крајслер

Генерал моторс

Тогаш имаме различни сфаќања за странски инвестиции.

Само автомобилската индустрија на горенаведениве преминува 15 МИЛИЈАРДИ евра, пари кои ние ги немаме видено од 1991 навака и не верувам дека ќе ги видиме уште наредни 20 години.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #61 на: 25 Јули 2012, 14:19:11 pm »
Абе добро, за парите си вреди, иако не би купил никогаш (исто како што не би купил и спарк). Него Carpathian lord вика дека е боље од јапонските и германските брендови !? По кој основ само незнам.. :)

Реков дека е подобар? Цитирај ме те молам. Реков дека е речиси на исто рамниште во својата класа. ОК ќе добиеш поевтина пластика, но е 5000 евра поевтин од Јапонецот а ќе го возиш исто време, а можеби и со помалку дефекти.

Јас сум жив пример за тоа, кога сакаш кај Влатче седнуваме на маса со сите сервиси што ги имам правено на Даевуто во последните 10 години. Се е заверено со километража и дата :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #62 на: 25 Јули 2012, 14:21:16 pm »
Имам роднини и пријатели во унгарија. Он нив слушам дека се за нијанса подобри во стандардот одкај нас со тоа што ги вадат нив многу странски банки таму (бидејќи се многу поголем пазар и има посилна конкуренција) и живеат скоро сите на кредит.

Поентата ми беше, голема работа ако не влегле Ауди во Македонија ако приказната е таква дека наместо да склопуваат возила овде само ќе монтираат тркала или слично. Ќе вработат 200 луѓе, голема работа.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #63 на: 25 Јули 2012, 14:23:12 pm »
Falanga 200 луѓе не се играчка, тоа се 200 фамилии!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #64 на: 25 Јули 2012, 14:26:52 pm »
Малце забегуваме во ОТ ама, 200 луѓе пак ќе речам не е голема работа, во однос на тоа каков хроничен проблем имаме со невработеноста.

Како и да е, Бугарите влегоа на мапата на произведувачи. Кинези, ама сепак склопуваат возила. Фиат влезе во Србија со милијарда евра ако прочитав добро, Босна ако не се лажам VAG...Renault Романија...Хрватска си ги има бродовите...Грците „туризмот“ ние...ќе правиме дупчиња за знакот на Мерцедес :D :D :D

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #65 на: 25 Јули 2012, 14:27:12 pm »
Имам роднини и пријатели во унгарија. Он нив слушам дека се за нијанса подобри во стандардот одкај нас со тоа што ги вадат нив многу странски банки таму (бидејќи се многу поголем пазар и има посилна конкуренција) и живеат скоро сите на кредит.

Поентата ми беше, голема работа ако не влегле Ауди во Македонија ако приказната е таква дека наместо да склопуваат возила овде само ќе монтираат тркала или слично. Ќе вработат 200 луѓе, голема работа.

И Америка и Австралија живеат на кредит па не гледам дека нешто многу многу лошо им е? Што е проблемот ако секој може да си го исплати кредитот, плати кирија, лизинг од 1 плата? Тоа е целта на капитализмот, нормалниот народ нема голем посед (кираџија си цел живот) ако се решиш да купиш стан го плаќаш цел живот кредитот, купуваш кола на секои 5-6 години на лизинг... Проблем и лошо живеење е кога немаш пари да живееш "со кредити". Што ќе ти твоја стара кола и стан во центар на град кога немаш работа?

Епа баш е голема работа, затоа што со првичното влегување се вработат 200 луѓе понатака само ќе се проширува производството и бројот на работници а и други фирми од сличен бизнис ќе го следат моделот и ќе доаѓаат...Тоа е ти е како добра реклама...

Денес само АУДИ инвестицијата во Унгарија е проценета на повеќе од 5 милијарди евра, само АУДИ... А ти ги набројав и другите кои дошле отпосле.

И ауди почнал со склапање возила со монтирање тркала и 200 работници...И после 20 години гледај каков гигант стана Унгарија во ова поле и како се расформира од налик на комунистичка Бугарија (море бетер беше) до една европска земја како Германија, Австрија...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #66 на: 25 Јули 2012, 14:28:32 pm »
Голема работа, уште 200.000 трпат за леб. (сарказам)
Ама за 200 души толкава голема бука да се крене, па уште и со години политички срања и препулувања да слушам? Па кој идиотизам е тоа бе? Па десетици фирми со по 2000 вработени си ги приватизираа и испопродадоа и ги оставија луѓето на улица, мајката им ја расплакаа. Голем QR бил Ауди со 200 вработени, јака фирма па и инвестиција.

А пробај во Македонија плаќај станбен кредит и лизинг за кола од месечна плата...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #67 на: 25 Јули 2012, 14:32:44 pm »
Лани мислам беше кога излегоа со анализа на ТВ дека заради кризата пропаднаа Х фирми (отпрлика 10-тина) со по 200 вработени во рок од 3 месеци, никаде не излегоа од Владата да речат „Луѓе во криза сме, ова и ова ни се случи“...А ќе отворат фабриче со 50 вработени цела Влада сечи лента...

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #68 на: 25 Јули 2012, 14:33:07 pm »
Предлагам да се отвори нова тема околу фабриките! Многу ОТ отиде ова ;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #69 на: 25 Јули 2012, 14:33:52 pm »
Нема потреба Прч. Сите си ја кажаа мислата.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #70 на: 25 Јули 2012, 14:34:20 pm »
Кога си пустелија и немаш сол во очи неможеш да очекуваш да дојде Мерцедес со 100 милијарди евра во рака и да ти рече ајде ќе правам овде фабрика ти седи настрана и гледај.

Почнуваш со сосема мали неповолни чекори за да стигнеш до една позиција каде ќе бидеш добро укотвен во пазарот и ќе имаш моќ на влијание во преговорите.

Критичната грешка во раните 90ти не може да се надокнади денес, бидејќи скоро сите посериозни производители веќе си ги најдоа местата на своите пазари низ ефтината Источна Европа па возот пројде откако се изградија фабрики за без пари по Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, Романија... Овие земји со овие инвестиции се препородија и денес станаа европски држави со систем каков што ние можеме само да сонуваме...

Македонија пропушти голема шанса тогаш и тој воз нема да се врати. А можевме да бидеме денес на рамниште на една Хрватска, Словенија, Унгарија.

Она што денес од петни жили се обидуваат да го направат според мене премногу доцна но нешто мора да се направи затоа што полека но сигурно Македонија тоне споредена со Албанија и Косово... Кој бил и видел како се работи и какви инвестиции влегуваат во Албанија на пример може да потврди...

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #71 на: 25 Јули 2012, 14:41:31 pm »
Па па па... Цела страна саде муабети за Дастер...

Количето си е одличен избор. Комфор, класа и комодитет нуди толку колку што плаќаш. Од друга страна, нуди 5 години гаранција, што и тек како (би требало кај негативците да) алудираат на подобрениот квалитет на возилата на Дачија. Не би рекол дека има подобар избор на такво возило, во тој ценовен ранг.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #72 на: 25 Јули 2012, 14:43:21 pm »
Во секој случај Дачија е 100 пати помудар избор него увезена половна канта!

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #73 на: 25 Јули 2012, 14:45:36 pm »
Прч, конципирај ја реченицата дека (веројатно) мислиш на возило од тој тип (теренец), пошто сеа одма ќе се расфрлаат људи со Голфови, Аудиевци и Мечки со по 6000000000 пројдени, како потенцијали за подобар избор.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Super Dacia Duster
« Одговори #74 на: 25 Јули 2012, 14:50:36 pm »
Да, да на нив мислам (теренци) и останатите (сите) кршови од западот кои се вдомија кај нас!