Значи има една изрека The beauty is in the eye of the beholder. Јас можам да најдам 100 јапонски (германски) возила што се грди а се популарни.
Мене Дачијата воопшто не ми е лоша дизајнерски, за разлика од некоја друга популарна марка. Ама тоа е субјективна работа. Јас сакам да кажам за објективни работи.
Јас многу се нервирам за муабетите за квалитет кои врска немаат со реалноста. Као демек никогаш не би купил Дачија оти не чинат (механички или што ти јас знам) а ќе купам Пасат од 2003 оти подобар е. За жал НЕ Е така. Да, ќе бидеш опкружен од квалитетни материјали, но ти е се речиси 10 години стари. Секој елемент е амортизиран. За било кое возило дури и за Мерцедес 10 години се голема експлоатација.
Мора реално да се размислува.
Инаку да, попрво и јас би возел Сивик отколку Дачија, да попрво би возел Ауди од Шкода,...но не значи дека тоа мое разислување ОБЈЕКТИВНО е правилно, субјективно е, ама затоа со страв го земам возилото со надеж дека претходниот газда се грижел за него како јас.