Чудаков е произведен далечната 1976. Од април истата година, чичко Војо полицаецот го чувал и го пазел како детенце. Направил само 90 000 километри со неа и поради многубројни причини бил принуден да се дели од неа веќе еднаш. Така, 25.04.2013 ја купив јас, ја завикавме Ева, и си ја прифативме како фамилија. Ја возам само јас и не ја давам друг ни да ја проба
Се работи за Шкода 100L (Лукс), 988 кубици, 42 коњи(малку, знам.. ама нигде не се брзаме), втора фарба, топ исправна.
Се на се ме фати околу 400-450 евра со регистрација.
Главен проблем- на отворено прегревањето. Ако не си учен на шкода и не знаеш дека од дома треба да си понесеш нешто што ќе ти го насочува воздухот во задните грилови, и ако не го подотвориш назад капакот... нигде не стигаш....
Други забелешки немам... палење стално под прва, поприлично доверлива, економична, ефтина за одржување...
Мој личен рекорд 120км/ч, макар што мислам дека може и до 140 секако....
Потрошувачката е необична за стара кола толку тешка... се движи од 8-8.5 низ град, а 6 до 7 на отворено при 70-80
(101 од истата година в град не спуштаат под 11л)
Упатство за употреба: Колава се вози ЛАГАНО, никако поинаку ако сакаш да ја доживееш...





Квалитетот на сликите е очаен, но штом се пружи прилика ќе ја пратам нови.