Автор Тема: Убави места во Македонија  (Прочитано 116066 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #75 на: 25 Април 2016, 12:59:10 pm »
Дајте и некои други препораки ајде, максимум до 100 км од Скопје. Пошто за еден ден се оди...

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #76 на: 25 Април 2016, 13:02:50 pm »
Јас можам да ти дадам препорака за шетање/планинарење за ресторани послабо. :)
Што ги спомнавме тетовските села претходно посети ги, убава природа, добри ресторани и ок цени. ;)
New blood of old school

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг:
« Одговори #77 на: 25 Април 2016, 13:06:16 pm »
Вруток?

Sent from my 6036Y using Tapatalk

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #78 на: 25 Април 2016, 13:07:51 pm »
Бидејќи се работи за 1-ви недела влече накај јадење не планинарење... :D Така да препораки ме интересираа за комплекси, парк-ресторани... :) Ќе врне најверојатно па затоа вака, иначе се знае скарица негде у вукојебина.

Отсутен Rosso Corsa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #79 на: 25 Април 2016, 13:30:23 pm »
Вруток?

Sent from my 6036Y using Tapatalk

Oдено саботата.Многу сум се разочарал.
Одам првпат после 15 години и освен џамија(која искрено не им требало)sидови како во палестина по пат
и узурпирано земјиште на газдата ништо друго не видов.

Далеку е тоа место од убаво споредено дури и со балканските држави,а камоли со запад
Едноставно да му се згрози на човек.Целата атмосфера е катастрофа.Човеков до изворите си направил куќа на 5 спрата(што не оди не оди)
Многу гадно и многу полошо за разлика од пред 15 години.

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #80 на: 25 Април 2016, 13:39:25 pm »
Незнам како може да се стават слики овде, дали мора да се upload-ираат негде прво (ако е така, ништо од слики). Имам доста слики, но неможам/незнам сега да ставам.
Повеќето планински села ми имаат посебна убавина. Ќе го издвојам Патишка река-село на Караџица, се оди по патот за браната Козјак па лево скршнување, околу 45км од центар на Скопје. Може да се прошета по планината нагоре, сега е голем пат за камиони за дрва, поиздржливите (ако се качувате на Водно нема да имате проблем) може да се качат на висорамнината од која погледот е лудница-може еден од најубавите погледи 360степени во Македонија.
Радика и селата по течението се исто така прекрасни, кој не бил, мора да отиде, Тресонче, Лазарополе, Галичник, Јанче, Ростуше. Беше спомнат и водопадот Дуф, многу убав и необичен водопад (повторно проблемот со ставањето слики).
Преспа е слабо посетена. Брајчино и Љубојно се многу убави, и Долно Дупени во нивна близина покрај езерото.
Богомила и селата под Солунска глава-Папрадиште, Нежилово.
Сеуште не сум бил Мариово, ќе биде и тоа сигурно. Треба да е едно од the must местата во Македонија.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #81 на: 25 Април 2016, 13:47:37 pm »

1. Ако си на компјутер, селектирај ги сите слики и оди на сајтов http://imgur.com/ Драг енд дроп 10-20 комада колку и да се.
2. И после стискаш само Старт Уплоад.
3. Од десно ти искача линк SHARE LINK ALBUM и копи пејст тука. Многу е просто и брзо. Еден клик и еден копи пејст само.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #82 на: 25 Април 2016, 14:13:10 pm »
Вруток?

Sent from my 6036Y using Tapatalk

Oдено саботата.Многу сум се разочарал.
Одам првпат после 15 години и освен џамија(која искрено не им требало)sидови како во палестина по пат
и узурпирано земјиште на газдата ништо друго не видов.

Далеку е тоа место од убаво споредено дури и со балканските држави,а камоли со запад
Едноставно да му се згрози на човек.Целата атмосфера е катастрофа.Човеков до изворите си направил куќа на 5 спрата(што не оди не оди)
Многу гадно и многу полошо за разлика од пред 15 години.

На многу, многу, многу погрешно место во Вруток си отишол. Многу!

Во Вруток се оди во Ресторан Бигор, кој е тотална спротивност од се што наведе погоре. Те замолувам да дадеш уште една шанса на Вруток, со тоа што следен пат ќе одиш на изворите колку да се разладиш и да послушаш вода како тече, а за врвна храна, услуга и амбиент ќе одиш во ресторанот Бигор.

Повели и физичка локација на истиот објект, малку е затурен од главниот пат но 102,3% вреди да се посети. :)

https://goo.gl/maps/NvcndDuUb5G2

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #83 на: 25 Април 2016, 14:19:45 pm »
Ok, неможев повеќе сега, но колку доловување на моментот од Патишка река
Ова е доле од селото, рано наутро

Од висорамнината што ја спомнав, поглед кон селото

Поглед од висорамнината на другата страна, кон врвовите

Малото бачило на висорамнината

Бачилото и врвовите, касна есен

Малку над висорамнината, зимно време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #84 на: 25 Април 2016, 15:05:30 pm »
Како се стига на оваа висорамнина, има пат за кола или џип?

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #85 на: 25 Април 2016, 15:09:17 pm »
Пешки :)
Не е повеќе отколку да се качиш на Водно.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #86 на: 25 Април 2016, 15:35:31 pm »
Биди спремен за кучињата околу бачилата. Се случува да нема луѓе во близина. http://www.stazeibogaze.info/2010/11/15/karadzica-planina-kruzna-tura/

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #87 на: 25 Април 2016, 15:41:53 pm »
Пешки :)
Не е повеќе отколку да се качиш на Водно.

Повеќе е, особено што вкупното искачување ако одиш до Салакови Езера на пример, преку трите врва ќе се соберат преку 1500m искачена надморска височина. Турата до Салакови без спуштање долу до езерата и назад кружно е околу 20км.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #88 на: 25 Април 2016, 15:48:11 pm »
Како се стига на оваа висорамнина, има пат за кола или џип?

Мислам дека со џип преку Цветово може накај Салакови езера да се стигне. Од тука да се искачиш пешки е 15 мин, а би требало да може да се искачи и тоа од околу, ако ме држи добро сеќавање.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: Убави места во Македонија
« Одговори #89 на: 25 Април 2016, 15:55:17 pm »
Ok, неможев повеќе сега, но колку доловување на моментот од Патишка река
Ова е доле од селото, рано наутро
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Од висорамнината што ја спомнав, поглед кон селото
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Поглед од висорамнината на другата страна, кон врвовите
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Малото бачило на висорамнината
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Бачилото и врвовите, касна есен
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Малку над висорамнината, зимно време
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ова вреди да се посети
А кафана некоја има да се заседне после или слабо???