Еве и јас да споделам дел од работите кои се во тек
Заради недостаток на слободно време и заради лошите временски услови изработката е малку одолговлечена односно оди споро. Но ке биде во скоро време, односно пред да почне екот на сончевото време
+ се уште немам набавено неколку ситници, т.е. диференцијален термостат, некој вентил и ситници, бакарен фитинг.
Инаку до сега се набавени следните работи: Бојлер Горење, 100 литра со еден топлински изменувач, панел од домашно производство со 20 години гаранција, од Зрак - Прилеп. Панелот има валиден сертификат и е тестиран во лабараторијата во Штудгард.
http://www.dincertco.de/logos/011-7s2012%20f.pdf
Цена за панелот: 10 300 денари.
Покрај панелот набавени се и други пропратни елементи, односно експанзионен сад од 8л, пумпа Грунфос (4000 денари) со 5 годишна гаранција, сигурносен вентил на 6 бари, термоманометар, електромоторен вентил Herz (1860 денари).
Цевките се веќе поставени, нив ги поставив лани пред да се направи фасадата, а исто така се пуштени и две кабелчиња за сонди. Треба едно, но кога пуштам едно, а имам кабел, ке пуштам две, нека има..
Бојлерот е одамна наместен и се користи, но во моментот на струја...
Вчера набавив и материјал за изработка на држачот за панелот. Ја направивме рамката, требаше денес да се направат и ногарите, но времево се усра, папроектот се одложува до викенд се додека времето не се подобри. Во меѓувреме го одмерив и аголот на кровот, за да знам колку високи да ги направам ногарите за да се подеси панелот на 42 степени агол.
Целиот систем ке се монтира горе, ке се стегне за гредите од кровот, ке се монтираат цевки, па ке се помине доле на варење на фитинзите, поставување на вентили, пумпи и диференцијален термостат. Во меѓувреме морам малку да повежбам варење, одамна немам варено цевки, едно 15 години
Уствари ке одам со лемење
Како ке се одвиваат работите ке ставам слики.
Ако имате предлози за некој диференцијални термостати, слободно давајте. Во моментот имам комбинација, односно за ДТ2, по сена од 3400 денари со две сонди, сосема задоволителна за мојов систем. Гаранција од 2 години ако не се лажам.
http://mk20.com/solar/dt2stiel.htm