Земена Алфата од сервис. Се работи за Алфа Ромео 147, 1.9 ЈТД 8V 115Hp. Произведена 10.2004 год, Фејслифт Модел.
Одработен беше голем сервис и некој додатни работи. Ќе ги пишам сите работи поединечно колку се за биде од помош на секој нареден сопственик кој сака да го прави истото.
Еве список на променети делови:
Ребраст Каиш Gates - 1.400 ден.
Затегач SNR - 3.300 (Имаше 2 затегачи и ролери СНР и два беа SKF ама заборавив кој за каде е)
Ролер SNR - 1.350,00
Водна Пумпа VALEO - 2.200
ПК Каиш Gates - 850 ден.
Ролер ПК Каиш SKF - 900 ден.
Затегач со ролер SKF - 1.900 ден.
Масло Selenia 5-40 5l - 3.100 ден.
Филтер за масло ARAD - 350 ден.
Филтер за нафта UFI - 1.250 ден.
Филтер за полен Карбонски - 650 ден.
Филтер за воздух - 450 ден.
Репарирање на Јабучици - 1.400 за пар
Алуминиумски Чаури на предна долна вилушка - 2.000 ден.
Задни гумици за балансшангла - 800 ден.
Варијабилен затегач на алтернатор INA - 5.150 ден.
Горен држач на мотор - 1.250 ден.
Предни Плочки TRW - 2.900 ден.
Задни Плочки TRW - 1.920 ден.
Цена на рака по договор во сервисот. Кај мене се беше завршено за 2 дена. Алтернаторот малце ја успори работата, инаку за 1 ќе беше.
Сите цени се со вклучен ДДВ.
Одкако и е направен сервисов на колава приметив дека работи за нијанса потивко и се разбира нема никакви звуци сега од предницата.
На скоро сите делови што беа сменети има гаранција. Сите променети делови Жаре ми ги покажа и ја коментиравме состојбата на истите.
Останува уште да ја центрирам предницата и задницата и колата е механички во Топ состојба.
За 2 недели ќе добие и 4ри нови летни гуми, полирање на фарови и хемиско чистење. И толку и е после ќе се вози само
