Alfa Romeo Giulietta доби нов дизел мотор со 173 КС
Alfa Romeo неодамна претстави два нови мотори. Дизел агрегатот го доби моделот Giulietta, а бензинецот е наменет за МiTo.
Во Giulietta ќе биде вграден 2,0 JDTM со 173 КС и 350 Nm. До 100 km/h автомобилот ќе забрзува за 7,8 секунди, максималната брзина би изнесувала 219 km/h, со просечна потрошувачка на гориво од 4,4 l/100 km.
Alfa Romeo МiTo добива 1,4 MultiAir Tbi со 138 КС. Со новиот турбо бензинец МiTo би постигнувал максимална брзина од 209 km/h, со забрзување од 0 до 100 km/h за 8,1 секунда. Потрошувачката ќе биде малку повисока од онаа на Giulietta, односно 5,4 l/100 km.