Ги видов двете Алфи, колите за некој што бара кола како кола и не се многу лоши, а и за тие цени најверојатно тоа е..
Накратко
159 - тропа замаец или незнам што при пола притиснат куплунг, внатрешно не беше сјајна, површинска рѓа на задните полумесеци внатрешно и чадеше плаво низ капачката за дотур на масло.
Џулиета - надворешно ектра, ако не се земи во обзир исто површинската рѓа на задните полумесеци, внатрешно скоро па одлична освем топчето од менувачот,ситни кркцања од шалттабла и задни прозори на рачки.
Во лер, треси/вибрира совозачкиот ретровизор, тоа значело дека некој држач на мотор е отиден (гоогле), ребраст последно сменето пред преку 100 000км, на маслото исто му е време за менување и кога ја отворивме хаубата антифриз скоро и да немаше во садот,па му дотуривме водичка.
Масло менувано некогаш и на повеќе од 40К км, тоа за мене кажува доволно за грижата кон колата, а и сумливи ми беа, двајца беа, едниот бил газдата, а другиот појма немам што, тој посредува околу продажбата, на него е огласена. За 5000 € не фала.
Инаку ја возев Џулиетата по автопат во Dynamique, до 170 оди како на шала, дефинитивно ќе продолжи потрагата по здрава Џулиета, интересно заразно количе, само ќе мора да го зголемам буџетот.
Инаку од 4 коли што ги гледав, сите 4 имаат рѓа на исто место и сите се 2010-2011 година, Алфите , Астра Ј и Голф 6.
П.С Возот патува со 251 км/ч, да си купам еден воз ако не