Како што е редот, да известам.
Бев во Мотоцентар вчера и се погоди дечкото на центрирање од мајка роден.
Му објаснив процедурата дека исправени бандаши, гумите лански итн.
Ја качија и излезе дека задниот трап не бил центриран ( лани го центрирав јас само предниот ) и тоа уствари била причината зошто завлекувала во десно, односно задните гуми од лани ги ставив годинава да бидат предни без ротација. Поради тоа што не бил центриран десната гума се трошела на едната страна малку повеќе.
Решението го најдовме во ротација на гумите напред - десната лева - левата десна и се реши влечењето.
Фала му на
@onak за сугестијата!
Задоволството ме чинеше 600 денари.