Нема никаква тенденциозност. До сега сум возел преку 100 различни возила, секое со свои карактеристики и перформанси. Моето мислење го оформувам врз основа на ова искуство.
Не ме сфаќај погрешно, ниту лично. На форумов има некоја погрешна навика луѓето да ги сфаќаат критиките кон некое возило (кое по случајност го купиле) лично. Јас не викам дека Круз е лошо возило - баш напротив, сметам дека е одлично возило и најдобро од сите тие седани во таа ценовна класа. Меѓутоа, неговата тежина (што пак ќе нагласам, потекнува од тежината на платформата врз која е напраена и Астра) ги ограничува неговите перформанси.