Брејкинг Бед ја прекинав на 3та сезона, не ја бива.
Јас ова го реков пред некое време:
Еве веќе сум на трета сезона од Брејкинг Бед...
Сеуште чекам да се случи нешто интересно во серијата...
и вака го опишав тоа што го видов до првата половина на трета сезона:
Непотребни долги дркања, патетики, очекувани сцени, на моменти налекуваат на тие од трета класа (не втора) нискобуџетни филмови.
Во некој моменти има некои пресврти, ама очекувани. Нема некоја напнатост.
И после подолга пауза, почна да ме иритира фактот што потрошив толку време, па од инает продолжив да ја гледам понатаму...
Во втората половина на трета сезона работите се менуваат. Стануваат повесели, поразиграни. Намалени се досадните, непотребни, патетични сцени (намалени, но не одстранети).
Има понапнати, повозбудливи сцени (иако очекувани, сепак повозбудливи отколку до првата половина на трета сезона).
Четврта сезона ја изгледав без прекини (можи мали прекини, за мочање

)
Сега сум на половина од петтата (последната) сезона.
Дејствието во оваа сезона заминува во малку подруг правец...очекувано, логично...
Сума сумарум, досадно, долго, патетично запознавање со ликовите...јас би го скратил целото тоа дркање во трите сезони, би ги оставил некои најбитни, клучни сцени и описи на карактери и веднаш би преминал на она што се случува понатаму...

После трета сезона го менувам мислењето за серијата, сепак има некој ќеф во третокласните сцени
