http://www.carclub.mk/2013/04/12/test-citroen-c-elysee-exclusive/--
Викендов возам Citroen C-Elysee, кола за која веќе почнавме да зборуваме на форумов. Моделот е со највисока опрема и 1.6-литарски HDI со 90 коња.
Наместо да се развива дискусија откако ќе го објавиме тестот, решив да ги објавам моите првични импресии:
Позитивно:
- Убаво опремена верзија, со сите салтанати.
- Генерално привлечен дизајн. На моменти ми изгледа дури Германски.
- Генерално фини материјали во внатрешноста.
- Одлични седишта.
- Добар мотор.
- 500+ литри багажен простор.
- Сосема доволно простор и на задна клупа.
Негативно:
- Предолг од на мењачот, прва и втора се во две различни временски зони.
- Копчиња за прозори поставени во централната конзола наместо на вратите.
- Мал отвор на багажникот.
- Класичен седан капак од багажникот, би било подобро да е петта врата.
- Носачи за капакот од багажникот сериозно влегуваат во багажниот простор.
- Questionable ергономија. Распоредот на копчињата е никаков. Кругот кој би очекувале да е за појачување гласност всушност се користи за мењање радио станици. 10 пати сменив радио пробувајќи да стишам или да појачам.
- Електриката на прозори нема Auto функција, односно мора да се држи копчето притиснато.
Неутрално:
- Управувањето е ок, како што би требало да биде кај кола од оваа класа.
Како ќе приметувам повеќе работи, ќе дополнувам.
--
http://www.carclub.mk/2013/04/12/test-citroen-c-elysee-exclusive/