Автор Тема: CARclub Тест: Citroen C-Elysee  (Прочитано 10428 пати)

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #30 на: 10 Јули 2013, 13:57:11 pm »


Уште 5 стотки надолу да оди цената и таман.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #31 на: 10 Јули 2013, 13:58:24 pm »
Јок. Ц4 пеки.

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #32 на: 10 Јули 2013, 14:03:42 pm »
Ц4 ХДИ е 14500

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #33 на: 15 Април 2014, 01:22:18 am »
Деновиве на располагање ми е C4 Elysee 1.6HDi

Она што ме бендиса е ниската потрошувачка, комоцијата во кабината и седиштата, просторот во багажникот, воланот доста прецизен мада враќањето е доста неприродно, тивкоста на моторот, мекото подвозје...

Она што не ме бендиса беа евтините материјали (!) во внатрешноста, седиштата комотони ама кратки во рамената како за човек висок како мене, моторот е доста еластичен од 1500 до 2000 обртаи после тоа умира што ептен ме чудеше и до сега не сум го доживеал кај дизел мотор.

Се на се, добро возило за млада фамилија која нема искусено многу марки, а сепак слепо ферува на Citroen.

Сум го возел истиот мотор во старата C4,...и старата C4 беше многу по екстравагантна и квалитетот на материјалите многу повисок од оваа.

Оценка 7/10 :)

Татко ми добива упатства како да снима :D


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #34 на: 15 Април 2014, 08:34:03 am »
Ако ова има 7/10, што ли имаат Е класа и М5 - 114/10?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #35 на: 15 Април 2014, 11:17:40 am »
Шкода Октавија 8,5/10 ;)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #36 на: 15 Април 2014, 15:45:18 pm »
Ја до сега неам возено нешто полошо од октавијата...Бар прошлиот модел беше тиње. Сега новата малце е поарна :D
А шанзелизево незнам, воопшто не ги есапам овие оваквите, ептен небитен сегмент ми се. Сака да биде кола, а е далеку од тоа.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #37 на: 23 Април 2014, 00:18:51 am »
 Se nekako spored niskata klasa si e, no menjacot bese ko sto bi mu naprajle na novoo Yugo... ili 3 generacii postarine citroeni... :))
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #38 на: 23 Април 2014, 07:54:56 am »
Ме имаат возено во едно вакво само не волку јако опремено :)

Има само една верзија на Се-Елизе што би било добро да се поседува.


Отсутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #39 на: 31 Мај 2014, 19:08:28 pm »
Денес возев Peugeot 301 , што е во суштина истата кола со citroen-ов освен разлика по предната маска ( што мене лично ми е по привлечна и кога би купивал ваков автомобил тоа би бил peugeot-от.... )

Јас го тестирав средното ниво на опрема што е 12000е за 1.6hdi моторот , но доколку некој купува ваков автомобил пепорачувам највисоко ниво на опрема поради малата разлика во цена ( 1000е ) а притоа има доста повеќе работи...

Мотор: Снагата ме изненади поради големината на автомобилот , лично поседувам  1.4хди во Ц3 но ова и покрај тоа што е многу поголемо се осеќаше доста добар моторот и се носеше без проблем со каросеријата ( дури подобро и од 308 со истот мотор )  92 којски сили супер ја вршат работата а доколку се чипува машината тоа би било добитна комбинација.... пошто лично над 2000-2500рпм во град не осетив дека имам потреба да го турирам моторот ( мада силата му доага баш тогаш...над 2500 )  потрошња на тест возилото беше 6.4 но со оглед на тоа што кој стаса го вози е во ред...реално се симнува до 6л, исто така можам да го пофалам моторот во однос на тоа што буквално не се слуша како работи внатре во кабината....мењачок кочниците и остали ствари се многу слични како мојот цитроен и можам да кажам дека добро ми легнаа во однос на тоа што веќе сум навикнат на таков автомобилл.... но со одредена подобреност во однос на сите овие работи

Простор и комфор и квалитет на изработка и опрема  - Во однос на оваа категорија , значи автомобилот е дефинитивно победик , на задната клупа има простор повеке од доволно ( повеќе од 308 ) и може да се мери со автомобили што се 1-2 класи над него во однос на просторност , обликот на возачкото седиште ми се многу свигаше и буквално бев како створен за него многу природна и добра положба имаше според мене.... одредени крцкања и слично исто така не осетив и покрај тоа што возев без музика , во однос на квалитетот на изработка сум задволен .... немаше крцкање како што кажав а притоа пластиките на допир и не ми изглдеаа толку многу ефтино .... единствено не ми се свига што командите за електрика на прозорите не се на вратите него под централната конзола кај менувачот .... но ќе напоменам уште еднаш... доколку се зема овој автомобил само во највисоко ниво на опрема( ALLURE или ЕXCLUSIVE )  бидејки има одредени надворешни лајсни што ја прават колата како да е од повисока класа...ал.бандаши , автоматска клима, наслон за рака , паркинг сензори ... и останати ситници што ја комплетираат... исто така .... автомобилот има можност за double din радио...и доколу би ја имал би ставил такво радио до екран на допир и остали ствари што не кошта повеќе од 300е а притоа ќе го многу збогати целовкупниот впечаток за автомобилот