Автор Тема: CARclub Тест: Citroen C-Elysee  (Прочитано 10425 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« на: 06 Април 2013, 14:52:41 pm »


http://www.carclub.mk/2013/04/12/test-citroen-c-elysee-exclusive/

--

Викендов возам Citroen C-Elysee, кола за која веќе почнавме да зборуваме на форумов. Моделот е со највисока опрема и 1.6-литарски HDI со 90 коња.

Наместо да се развива дискусија откако ќе го објавиме тестот, решив да ги објавам моите првични импресии:

Позитивно:

- Убаво опремена верзија, со сите салтанати.
- Генерално привлечен дизајн. На моменти ми изгледа дури Германски.
- Генерално фини материјали во внатрешноста.
- Одлични седишта.
- Добар мотор.
- 500+ литри багажен простор.
- Сосема доволно простор и на задна клупа.

Негативно:

- Предолг од на мењачот, прва и втора се во две различни временски зони.
- Копчиња за прозори поставени во централната конзола наместо на вратите.
- Мал отвор на багажникот.
- Класичен седан капак од багажникот, би било подобро да е петта врата.
- Носачи за капакот од багажникот сериозно влегуваат во багажниот простор.
- Questionable ергономија. Распоредот на копчињата е никаков. Кругот кој би очекувале да е за појачување гласност всушност се користи за мењање радио станици. 10 пати сменив радио пробувајќи да стишам или да појачам.
- Електриката на прозори нема Auto функција, односно мора да се држи копчето притиснато.

Неутрално:
- Управувањето е ок, како што би требало да биде кај кола од оваа класа.

Како ќе приметувам повеќе работи, ќе дополнувам.

--

http://www.carclub.mk/2013/04/12/test-citroen-c-elysee-exclusive/
« Последно менување: 12 Април 2013, 12:05:05 pm zeroSignal »

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #1 на: 06 Април 2013, 15:53:01 pm »
Разликата во цена за дизелската варијанта со највисоко ниво на опременост меѓу Шкода и Циторен е над 1800 евра во корист на Цитроен? Или се лажам?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #2 на: 06 Април 2013, 16:22:14 pm »
Вака изгледа релативно добро, само задницата (како што е и кај секој издејствуван седан за оваа класа) изгледа недефинирано пред се светлосната група.

Количето ко количе изгледа добро, агресивно и моќно.

Сепак би зел Rapid пред оваа. Не знам ми изгледа по дефинирано :D

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #3 на: 10 Април 2013, 22:04:11 pm »
Кога ќе биди готов тестот?
Ја видов денес колата на поминвање, со камион ја носеа, прв впечаток, дизнајнерски многу подобра од Шкодата. За останатото го чекам тестот.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #4 на: 12 Април 2013, 12:05:37 pm »
Тестот е објавен. Еве го линкот, а додаден е и во првиот пост.

http://www.carclub.mk/2013/04/12/test-citroen-c-elysee-exclusive/

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #5 на: 12 Април 2013, 12:25:20 pm »
Ова да би се спуштило едно 500 метра надоле, поготово од позади, како и 5-10 инча поголеми тркала и гуми може и ќе заличи на кола. А ако се дампира комплетно со неколку слоја Dynamat може и ќе се осеќа како кола. :) :) :)

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #6 на: 12 Април 2013, 12:28:08 pm »
Браво за тестот
Одличен е цитроенот, ептен ме бендисва. Носачите за капакот на багашникот, чист промашај. Јас да ги праев подобро ќе ги напраев.
И цената тапа. 1500 - 2000 евра подолу за тестираниот модел, и ќе биди супер!

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #7 на: 12 Април 2013, 12:48:42 pm »
Само мене не ми се уклапа воопшто беџот Exclusive на местото каде што е ставен?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #8 на: 12 Април 2013, 12:56:00 pm »
Само мене не ми се уклапа воопшто беџот Exclusive на местото каде што е ставен?
Затоа е и сликан. Не се уклапа уопште со колава.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #9 на: 12 Април 2013, 12:57:13 pm »
Тоа башка. ;D

Јас мислам type-R знак на лада подобро стои од ова.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #10 на: 12 Април 2013, 15:41:42 pm »
Многу ми се ретардирани задните светла и чудно ми изгледа од Б-столбот до назад. Се останато изгледа солидно.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #11 на: 12 Април 2013, 16:27:35 pm »
Слушам на рекламата на Цитроенов го именуваат како Цеелизе а некој го вика Селизе итн, працилно цитроенот се вика:
http://translate.google.com/?hl=en&tab=wT#en/fr/C-Elysee

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #12 на: 12 Април 2013, 16:29:02 pm »
Слушам на рекламата на Цитроенов го именуваат како Цеелизе а некој го вика Селизе итн, працилно цитроенот се вика:
http://translate.google.com/?hl=en&tab=wT#en/fr/C-Elysee
A знаеш дека Цитроен се чита Ситруан?

Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #13 на: 12 Април 2013, 16:36:53 pm »
Селис.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Citroen C-Elysee
« Одговори #14 на: 12 Април 2013, 16:39:20 pm »
Не туку тресите зелени..

https://www.youtube.com/watch?v=eBskoWuF2oE

Еве, француско видео - го изговараат Се-Елизе.