Веднаш и јасно: немаш потреба да ме опоменуваш, предупредуваш или да ми држиш лекции. Слободно блокирај ме, банирај, избриши или направи што сакаш — апсолутно ми е сèедно. Сите сме возрасни и разумни луѓе, не деца на кои им треба воспитување или демонстрација на авторитет. Знам многу добро што пишувам и што правам и не прифаќам ваков тон, ваков однос ниту ваков тип на обраќање. Те замолувам — и ова не е молба, туку јасна и недвосмислена граница — да престанеш да ми се обраќаш на ваков начин. Немој да ме потценуваш, ниту да се обидуваш да ме учиш на нешта што не ти припаѓаат. Времето ќе покаже кој и што навистина придонел тука, и тоа за доброто на сите.