Незнам дали за истиот санторини зборуваме ама 1000 евра по човек ти треба и малку организација. 2000 по човек ако сакаш да се заебаваш со изнајмувања и слично.
За ова барате милиони!? Не заебавајте народе.
Јас бев на Снторини пред 3 години. Начекав евтина тура за 7 ноќевања со авион од Солун преку TUI Грција.
Целото летување, сосе изнајмување кола за 4 дена, со госпожата не фати нешто над 1000еур т.е. малку поскапо отколку било кој одмор на Халкидики. Бевме сместени во Периса.
Турата мислам дека сеуште постои, како и авионската линија Солун-Санторини преку Astra Airlines
http://www.astra-airlines.gr/ .
Постојат и тури со автобус исто со 6-7 ноќевања, но патот е +2 дена во еден правец.
Овој тип на посета не му го препорачувам на никој, знаејќи луѓе кои отидоа на овој начин и слушајќи ги нивните поплаки/жалби.
Доколку се има желба да се престојува во главниот град Тира (Thira) или во Оја (Oia) (оние што ги има на проспектите и сликите од островот) тогаш цената сигурно би била минимум два пати поголема.