Автор Тема: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.  (Прочитано 253350 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #945 на: 05 Март 2016, 19:24:43 pm »
пред некој ден еден со џип си прерипа најнормално од паркингот кај nextsense према лептокарија,иди со обична кола тоа направи го :)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #946 на: 05 Март 2016, 20:43:37 pm »
http://www.google.mk/maps/dir/42.0027648,21.4003252//@42.0026502,21.4004888,142m/data=!3m1!1e3?hl=en

Мислиш на ова тука, кај белата точка?

Не е толку високо, една типка со Passat од новиве го прерипа без проблем. :) И не и закачи.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #947 на: 06 Март 2016, 07:17:43 am »
да,за таа препрека мислам.сепак,ја не би пробувал :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #948 на: 06 Март 2016, 12:51:07 pm »
Ја не знам колку лош возач треба да си, или колку памет треба да имаш за да пробаш да го прерипаш ова со кола... Па треба да запнеш на гас за да го прерипаш, нешто слично како на тротоар коа сакаш да се качиш. Не можеш несакајки. Или евентуално да му влезеш со втора со 20-30  ;D Јас во принцип секаде кај што има вакви рикверц влегувам за да можам да ги залепам тркалата, односно гледам што помалку да штрчам и да оставам солиден простор за другите.
« Последно менување: 06 Март 2016, 13:03:38 pm Allexxander »

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #949 на: 06 Март 2016, 23:05:53 pm »
Дали ја сефтосал некој новата катна гаража “Тодор Александров“ ? Ако не подобро немојте. Или барем ако мора да одите барајте место само во подрум. Нагоре НИКАКО!!!. 4 спрата вртење во круг како на рингишпил, патосот е како калдрма, нерамен, мислиш дека се клацкаш на магаре, а не дека возиш кола, и кога конечно ќе стигнеш на првото ниво веќе имаш вртоглавица. Спуштањето е посебно “доживување“


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1480
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #952 на: 07 Март 2016, 17:00:02 pm »
Ова го прават за да не им паркираат 'да претрчам само до онде'. Баш ме интересира цената за 15 минути во зона Д , Аеродром , кадешто саат беше 25 ден мислам..
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #953 на: 07 Март 2016, 19:40:26 pm »
Таму секогаш паркирањето ме коштало преку 200 денари :(

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #954 на: 07 Март 2016, 19:42:37 pm »
Предност на ова е тоа што само се стопира, а и те потсеќа ако сакаш да го продолжиш времето.  Мене ми се десило да заборавам да пратам S и вечер во 23 да ми стигне порака за цел ден..

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #955 на: 07 Март 2016, 19:55:22 pm »
Ехеее, не еднаш.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #956 на: 07 Март 2016, 20:01:31 pm »
Затоа овие од ПОЦ се поарни си пишуеш саат два колку седиш и толку :) Неколку пати ми се десило да заборавам :D

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #957 на: 07 Март 2016, 20:06:50 pm »
Абе кога ќе видиш, поарно да забораиш да пратиш S отколку зона на почеток :D Последниот пат ми текна да пратам зона после пола саат откако паркирав, додека ја сум ја праќал пораката они го наместиле блокаторот. Времето беше идентично. Среќа се извадив и не платив, се јавиа таму, наводно шефот бил расположен, така ми кажаа :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #958 на: 14 Мај 2016, 13:07:11 pm »
Идам у Капиштец да резервирам термин у игротека, се враќам после 23 минути и ашлакот од поц веќе ми турил ливче. Што праиш бе чоек, забрането паркирање ми вика. Кај има табла ? вика на почетокот на паркингот. Нема табла бе чоек тоа ми е прво што правам пред да се паркирам, и за 15 минути колку што е транзитот увек праќам порака. А не така викате секогаш подолго време си паркиран + транзитот е 10 минути. Му викам дојди види температура на мотор ако мислиш дека те лажам, почна да бега педерчево и вика ако платиш одма 400 денара. Абе иди бегај динар не гледаш ти од мене. Почнав да ја барам таблата и једва ја најдов:





Понеделник прво што правам у ДПИ, пичка им материна џабелебарска..

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #959 на: 14 Мај 2016, 15:42:10 pm »
Да си знаете дека во Капитол од пред некое време е 1 час слободно не е веќе 2. Има залепено листови на некои места ама еден завчера направи огромна гужва на рампа горе бидејќи не го платил мислејќи дека е 2. Работата беше угоре високо удолу длабоко. Отвара прозор и ми вика да идам назад, а позади мене 47 коли најмалку пошто имаше гужва од горе од рампа па до -2 до доле, кај да идам бе чоек му викам. Немаше ни кај да застане пошто пред него некој се нашол во иста ситуација па ја остаил колата од страна. Среќа се најде обезбедување во близина па ја крена рампата.