Ех... темава ми се погоди...
Главната финта за кората од портокал е дизната и јачината на компресорот.... и секако, мајсторијата...
Со дизна 1.4 можеш да изработиш фина фарба АКО И САМО АКО имаш совршена основа...
Можеш и ефтинко да поминиш, ама бара работичка тоа...
Бојата практично можно е да се извади, постои раствор за вадење на боја... или глицерин за кочници можиш да го намачкаш, ама ... верувај... не е паметно...
Во право е Александар... не се гњави со тоа... би рекол, почни со 360, па до кај 400 да средиш...
1. Купуваш воден сусијат (шмиргла) 360ка, па 400 ,доволна е... ако сакаш по фино (ама откако ќе го сработиш ова), барај и поситен...
Тие се по 25-30 денари парче... од 360 две парчиња, од 400 - 1.
Процедурата е следна... го киниш на 4... Земаш шише или цревото на тенок млаз, и како што стружиш со парчето , така потураш цело време со вода...
Откако ќе го го истружиш, да падне сиот сјај, да се порамни совршено, преминуваш на наредна фаза...
2. Го облепуваш сето што несакаш да се бои, крептрака од книжара или бои и лакови, весник и скаплер ти се потребни...
3. темелно перење
4. Мораш да ставиш БОДИ Шприц кит на него ако не сакаш да се лупи.... не знам дали го има во спреј, ама би требало...
Го прскаш... колку да се прекрие цела површина...се стврднува така рапаво...
Воедно, поздрави го тој тупакот што го фарбаше, дека после тоа се рамни со 400 сусијат...
Го рамниш се додека не добиеш совршена платформа за работа....
5. Темелно перење од стружњето...
Потребни ти се бар 2 спреја за 3 слоја
6. Спрејот го нанесуваш по принцип сенчање... 20-25 цм од објектот, движења горе долу...
Поминуваш првиот пат толку колку да се насенча бојата, и продолжуваш натаму, како местото би имало фора да исуши.
Вториот пат го фарбаш и излегува малку погусто од тоа...
Третиот пат е финално и треба да добиеш потполна прекриеност...
7. бојата СПРЕЈ НЕМА ДОБАР СЈАЈ... дефинитивно , па ако сакаш убиј се од работа.... дизната е таква ...
Ако сакаш додатен сјај треба да побараш лак во спреј...
Никаква друга промена, само прскаш над бојата еден до два слоја, во зависност колку е потребно...
Било какви прашања ако имаш , пиши, ако е нешто поголемо, пиши во Лична порака, да ти објаснам детално... поздрав и со среќа...