Автор Тема: Фарбање  (Прочитано 205979 пати)

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Фарбање
« Одговори #15 на: 03 Август 2013, 22:47:26 pm »
Ti ja kupi bojata ili toj?

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Фарбање
« Одговори #16 на: 03 Август 2013, 22:49:06 pm »
Jas ja kupiv 500gr za skuterot

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Фарбање
« Одговори #17 на: 03 Август 2013, 23:18:19 pm »
Katalizator dali ti dadoja?Ako ti dale izgleda ne go stavil

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Фарбање
« Одговори #18 на: 04 Август 2013, 00:53:32 am »
Ех... темава ми се погоди...

Главната финта за кората од портокал е дизната и јачината на компресорот.... и секако, мајсторијата...
Со дизна 1.4 можеш да изработиш фина фарба АКО И САМО АКО имаш совршена основа...

Можеш и ефтинко да поминиш, ама бара работичка тоа...

Бојата практично можно е да се извади, постои раствор за вадење на боја... или глицерин за кочници можиш да го намачкаш, ама ... верувај... не е паметно...

Во право е Александар... не се гњави со тоа...  би рекол, почни со 360, па до кај 400 да средиш...

1. Купуваш воден сусијат (шмиргла) 360ка, па 400 ,доволна е... ако сакаш по фино (ама откако ќе го сработиш ова), барај и поситен...
Тие се по 25-30 денари парче... од 360 две парчиња, од 400 - 1.

Процедурата е следна... го киниш на 4... Земаш шише или цревото на тенок млаз, и како што стружиш со парчето , така потураш цело време со вода...
 Откако ќе го го истружиш, да падне сиот сјај, да се порамни совршено, преминуваш на наредна фаза...

2. Го облепуваш сето што несакаш да се бои, крептрака од книжара или бои и лакови, весник и скаплер ти се потребни...
3. темелно перење
4. Мораш да ставиш БОДИ Шприц кит на него ако не сакаш да се лупи.... не знам дали го има во спреј, ама би требало...
Го прскаш... колку да се прекрие цела површина...се стврднува така рапаво...
Воедно, поздрави го тој тупакот што го фарбаше, дека после тоа се рамни со 400 сусијат...
Го рамниш се додека не добиеш совршена платформа за работа....

5. Темелно перење од стружњето...

Потребни ти се бар 2 спреја за 3 слоја

6. Спрејот го нанесуваш по принцип сенчање... 20-25 цм од објектот, движења горе долу...
Поминуваш првиот пат толку колку да се насенча бојата, и продолжуваш натаму, како местото би имало фора да исуши.
Вториот пат го фарбаш и излегува малку погусто од тоа...
Третиот пат е финално и треба да добиеш потполна прекриеност...

7. бојата СПРЕЈ НЕМА ДОБАР СЈАЈ... дефинитивно , па ако сакаш убиј се од работа.... дизната е таква ...
Ако сакаш додатен сјај треба да побараш лак во спреј...
Никаква друга промена, само прскаш над бојата еден до два слоја, во зависност колку е потребно...


Било какви прашања ако имаш , пиши, ако е нешто поголемо, пиши во Лична порака, да ти објаснам детално... поздрав и со среќа...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Фарбање
« Одговори #19 на: 04 Август 2013, 01:47:03 am »

Воедно, поздрави го тој тупакот што го фарбаше, дека после тоа се рамни со 400 сусијат...
Го рамниш се додека не добиеш совршена платформа за работа....


Не те разбрав, значи се шмиргла со 400 шмиргла после шприц китот или не ?

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Фарбање
« Одговори #20 на: 04 Август 2013, 02:01:34 am »
да да ... ако над шприц китот ставаш боја (а не филер, што знам што друго), тогаш него го мазниш до совршенство...

Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: Фарбање
« Одговори #21 на: 04 Август 2013, 10:14:42 am »
И после фарбање со лак, сите површини може да се исполираат со полир паста, но само откако ќе се исуши здраво се`! По полирањето, ќе се добие перфектен сјај!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Re: Фарбање
« Одговори #22 на: 04 Август 2013, 10:50:39 am »
Ај додека сте тука да прашам.
1. Пријател има Рав4 и на хаубата зуцки од камчиња. Сака да ја префарба. Ако некој од вас го работи тоа (а според муабетот го работите) слободно понудете се. Цена, време потребно, кога може да се почне?
2. Му кажале дека фабричка мана на тие коли е релативно брзото скапување на ауспухот. Сака и ауспух да се извади и да се помине целиот со некоја течност (јас незнам што е тоа). Може и за ова да понудите.

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Фарбање
« Одговори #23 на: 04 Август 2013, 11:09:13 am »
Ова што го кажуваш не е воопшто едноставна работа. Еден „обичен“ мајстор за фарбање хауба би побарал од 2000 до 4000 денари... тоа може да го направи секој лимар на секој агол за 2000.... Во овластен сервис би била барем 4000 цената да се префарба хаубата. Главна предност е во тоа што не можат да ти ја утнат нијансата. Прашајте во тојота или било кој поголем сервис.

По мое ... ако ауспухот барем малце почнал да фаќа, тој ќе скапи... Со што сакаш поминувај го, носи го по бајачки... џабе... Едино да си ставиш поквалитетен е црвсто и трајно решение...
Барем моево досегашно искуство кажува така...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Фарбање
« Одговори #24 на: 04 Август 2013, 16:17:11 pm »
А зошто ми има останато во глава дека orange peel може да се елиминира со машинско полирање со специјални пасти ...

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Фарбање
« Одговори #25 на: 04 Август 2013, 17:53:25 pm »
... тоа е заради лоша основа на бојата или лошо нанесена боја... Како и да вртиш останува да одземеш слој од бојата се додека не се порамни тоа... Некаде бојата е подебела некаде потенка, па ако запниш да одземаш дел од бојата со цел да го порамниш, ризикуваш да излези претходната од под неа...
Проверено на моја кола... Средство за полирање ја истружи бојата до претходен слој како воден сусијат на едно место.... Среќа, се среди за ефтино...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Фарбање
« Одговори #26 на: 04 Август 2013, 20:35:44 pm »
дојде време да го фарбам фичото одвнатре, имам компресор пиштол се спремно истружено и 1 рака шприц кит, е сега на колкав притисок да фарбам за да не се појави лимон кора(orange peel)

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Фарбање
« Одговори #27 на: 04 Август 2013, 21:19:51 pm »
dobar majstor :D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Фарбање
« Одговори #28 на: 04 Август 2013, 23:34:00 pm »
дојде време да го фарбам фичото одвнатре, имам компресор пиштол се спремно истружено и 1 рака шприц кит, е сега на колкав притисок да фарбам за да не се појави лимон кора(orange peel)
не е до притисокот,до ручето е :)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Фарбање
« Одговори #29 на: 05 Август 2013, 11:02:33 am »
Имаш ставено шпрајмер под шприц китот?
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!