Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 568702 пати)

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2145 на: 17 Октомври 2019, 09:37:13 am »
Ако не си можел филтер да најдеш во моментот, си требал да го смениш што побрзо. Ај па ако и догодина ако не најдете со мајсторО, следната не ви бега, 3та среќа!

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 383
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2146 на: 17 Октомври 2019, 15:02:16 pm »
Ако не си можел филтер да најдеш во моментот, си требал да го смениш што побрзо. Ај па ако и догодина ако не најдете со мајсторО, следната не ви бега, 3та среќа!
Нее филтерот, постепено ќе отвараат тие се сомневаат во картерот оти не крева маслото.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8269
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2147 на: 17 Октомври 2019, 20:40:07 pm »
Како е наречен овој автоматски менувач на Форд?
Каков е кај 1,6 или 1,5 екобуст, карактеристики / перформанси?
Во споредба со рачниот, троши повеќе или не?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55153
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2148 на: 17 Октомври 2019, 20:53:54 pm »
Powershift. Trosi poveke kako i sekoj automatik.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8269
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2149 на: 17 Октомври 2019, 21:10:37 pm »
Ти чинам спомна дека пауершифт има проблеми кај Мондео?
Мењачот има проблеми или кај Мондео само има проблеми (воедно и за 2,2д спомна дека е проблематичен)?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55153
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2150 на: 18 Октомври 2019, 02:21:49 am »
2.2д е килав мотор и пауершифт е килав, кај сите фордови. Само колку послаб мотор толку полесно му е на менувачот. Сепак убаво е да не е со голема километража и да има преостаната гаранција

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5186
  • The Spartan General
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2151 на: 18 Октомври 2019, 09:23:41 am »
Како е наречен овој автоматски менувач на Форд?
Каков е кај 1,6 или 1,5 екобуст, карактеристики / перформанси?
Во споредба со рачниот, троши повеќе или не?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Фокус МК3 2011-2014та 1.6 Екобоост нема со автоматски менувач.
Фокус МК3 2015-2018 1.5 Екобоост (како горе на сликата) има 6-степен автоматски менувач со хидротрансформатор (торк конвертер) од Гетраг.
Инаку Фокус МК3 има еден од најдобрите рачни менувачи што ги имам возено. Не знам зошто би одел на автоматик со таа кола.
1.5 или 1.6 екобууст? Ги тестирав двата, од денешна перспектива би го купил 1.6 екобоост со 180кс. Тогаш избрав 1.5 екобоост и 150кс затоа што беше фејслифт и понов.

Мондео МК3 2011-2014 2.0тдци и 140/163кс имаат Поуершифт со двојна спојка. Тој менувач држи до 250 - 350Нм и затоа не го ставаат во 2.2тдци кој има над 400Нм.
Мондео МК3 2011-2014 2.2тдци има обичен 6-степен автоматски менувач со хидротрансформатор (торк конвертер од Гетраг).
2.2тдци не е килав мотор. 2.2тдци е уствари строукер од 2.0тдци (ист дијаметар, подолг од на клипот). Звучи мрзливо, но го има многу повеќе тој дизелски осет кога повлече и “крши“ врат.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11844
  • Архитект
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2152 на: 18 Октомври 2019, 09:29:59 am »
1.6 екобуст одбери и нема утка.

Само има два проблеми.
1.Грдиот ентериер и екстериер.
2. Ретко ги има, заради краткиот период на продажба.
:(

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55153
  • Махер
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2153 на: 18 Октомври 2019, 09:34:25 am »
1.6 екобуст одбери и нема утка.

Само има два проблеми.
1.Грдиот ентериер и екстериер.
2. Ретко ги има, заради краткиот период на продажба.
:(
Фокус пред фејслифтот навистина не вреди да се земе. Ружен е. А од друга страна после фејслифт според мене е една од најубавите коли на пазарот. Особено караван ST Line со ксенон.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4136
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2154 на: 18 Октомври 2019, 09:56:00 am »
Не знам во Европа со кои мотори се нудел овај менувач

https://jalopnik.com/ford-knew-how-defective-its-fiesta-and-focus-transmissi-1836273922

the dual-clutch transmission in the last-generation Ford Fiesta and Focus was an utter disaster. The gearboxes are plagued with problems like sudden acceleration, sputtering, and slipping into neutral at highway speed.

The story centers on the DPS6 transmission, also called the Ford PowerShift transmission, a six-speed dual-clutch automatic found on the 2012-present Focus, 2010-present Fiesta and other cars sold in the past decade. (Both the Ford and Fiesta are being phased out in the U.S.) Yet the Freep estimates 1.5 million cars still on the road have this gearbox, and many of their owners continue to experience problems.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6624
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2155 на: 18 Октомври 2019, 12:21:53 pm »
Несакав да отворам нова тема пошто не е тест, но кого го интеесира на кратко моето неколку дневно искуство низ град со ганц ново Фиат 500че 1.2 бензин со 70тина коња. Имаше доооста многу опрема ко за градско возило, автоматски светла, голем дисплеј на средина, кожни седита, панорама кров итн.

Колава имаше помалце од 500км поминато така да ептен ново. Имам многу измешани чувства, доста позитивни и негативни работи. Да почнеме со добрите работи.

Што ми се допадна:
- Изгледот е бр.1 - иако е веќе "старо" возило ова има безвременски изглед. Овој конкретен модел е нов и има некој мал фејслифт ама од надвор количево е бомбона.
- Убави на изглед и доста комотни кожни седишта, штета што заборавив да ги сликнам.
- Менувањето брзини е многу многу добро, директно и сум позитивно изненаден. Не е како кај французите и таа класа на автомобили каде што обично менувачот е непрецизен.
- Возилото при секакви услови на патот се однесува многу стегнато што мислам е најголемиот плус, дава чувство на добро склопен ауто. Има добар дампинг како за градско возило, ништо не крцка или да произведува многу вибрации во кабина кога возиш по лош пат (за мене најважна работа е ова). Овдека според мое искуство французите се дефинитвно последни, џабе удобна вожња кога целото задоволство се расипува кога ќе слушнеш гласно тресење и вибрации во кабина. Фиатов е многу солиден на ова поле. +1
- Кочници одлични, одлично дампирање немам замерка
- Моторот е и плус и минус. За во град до 50км/ч е ужуванција поради тоа што е атмосферец и при ниски обртаи си убрзува глатко. Ама за се останато е ужас.
- Старт стоп си работи одлично
- Дисплејот за км и централниот мултимедија изгледа одлично, квалитетот на боите би рекол дека е и подобар од на голфот кај мене. Резолуцијата е одлична. Сликите неможат да го доловат тоа на секоја чест за мултимедија дисплејот.

Минус
- Позицијата за седење е многу чудна. Иако имаш огромен стаклен покрив над глава јас почувствував недостаток на простор и непријатност. Како да седиш во комбе без покрив. Како сака да биде мини кросовер ама не е.
- Педалата за кумплунг е одалечена од педалата за кочење и гас непропорцианално и ми преставува проблем кога се менуваат брзини. Некако многу е одалечена налево и нагоре од кочницата како да треба да ја бараш со левата нога дур мењаш брзина.
- Индикаторите за жмигавци, светла, трип компјутер ужас. Одалечени се од воланот и треба да имаше прсти 2 метра за да дадеш жмигавец, или пуштиш брисачи. Тотално разочаран од ова. Све некако ти дава филинг дека мислеле отпосле на ова.
- Знам дека има она сити функција за воланот ама го претерале и сето тоа искуство е толку вештачки. Брат ми има вакво фиатче од 2011 мислам ама овдека е многу поразлично. При брзини до 30км/ч воланот можеш со мало прсте да го вртиш ама над таа брзина станува толку тврд и тежок за менување како да нема серво. Убава идеја но сета таа транзиција е направена аматерски и нагло. Исто така во мирување ако го мрдаш воланот малце лево десно имаше многу чудни вибрации од воланот. Не е дефект, него така работи сервото.
- Моторот како што реков плус и минус ама повеќе накај минус. Нема душа за едно мало претекнување така да мојот избор секако овде би бил турбо бензинец

То е то, ептен касно ми текна да сликам, еве две што успеав да најдам.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 912
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2156 на: 18 Октомври 2019, 12:42:42 pm »
Стигна CityBee и во Латвија? Предобар концепт е! За жал, мислам дека во Македонија тешко би функционирал. :(

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3314
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2157 на: 18 Октомври 2019, 12:44:31 pm »

Пеер, многу убава кола си возел. (со секое возење фиат 500 ти доаѓа и тоа Пеер напред)

Тоа што си го пишал е горе доле така, и кај мојот Фиат ги имам истите проблемчиња и задоволства кога го возам.

Кога го возам.

Кога.

Кога не е во сервис.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6624
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2158 на: 18 Октомври 2019, 12:57:46 pm »
Да бе, веќе ги имаше 3 години во литванија сега и кај нас ги донесоа. Овдека веќе има едни други на пазарот етаблирани ама citybee мислам ќе им ебе матер сеа. Од една вечер наеднаш пуштија 300 фиатчиња-500 низ цел град и рекоа наскоро ќе пуштат и други модели. Плус во самата кола имаш усб кабел за андроид и епл, и држач за телефон.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 912
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #2159 на: 18 Октомври 2019, 13:03:46 pm »
Топ се CityBee, чат пат ги користиев додека бев во Литванија. Супер се за да завршиш работа на кратко, а да не ја плаќаш колата за цел ден. Таму имаа и Алфа Ромео Стелвио, ама не ја возев таа. ;D

Инаку, мислам дека се одлична опција за луѓе кои живеат во градски средини и користат примарно јавен сообраќај во секојдневието. Па, кога ќе им затреба кола за некоја обврска, можат да се потпрат на ваков car-sharing систем, наместо да чуваат кола дома и да ги плаќаат сите фиксни трошоци поврзани со тоа.. :)