Несакав да отворам нова тема пошто не е тест, но кого го интеесира на кратко моето неколку дневно искуство низ град со ганц ново Фиат 500че 1.2 бензин со 70тина коња. Имаше доооста многу опрема ко за градско возило, автоматски светла, голем дисплеј на средина, кожни седита, панорама кров итн.
Колава имаше помалце од 500км поминато така да ептен ново. Имам многу измешани чувства, доста позитивни и негативни работи. Да почнеме со добрите работи.
Што ми се допадна:
- Изгледот е бр.1 - иако е веќе "старо" возило ова има безвременски изглед. Овој конкретен модел е нов и има некој мал фејслифт ама од надвор количево е бомбона.
- Убави на изглед и доста комотни кожни седишта, штета што заборавив да ги сликнам.
- Менувањето брзини е многу многу добро, директно и сум позитивно изненаден. Не е како кај французите и таа класа на автомобили каде што обично менувачот е непрецизен.
- Возилото при секакви услови на патот се однесува многу стегнато што мислам е најголемиот плус, дава чувство на добро склопен ауто. Има добар дампинг како за градско возило, ништо не крцка или да произведува многу вибрации во кабина кога возиш по лош пат (за мене најважна работа е ова). Овдека според мое искуство французите се дефинитвно последни, џабе удобна вожња кога целото задоволство се расипува кога ќе слушнеш гласно тресење и вибрации во кабина. Фиатов е многу солиден на ова поле. +1
- Кочници одлични, одлично дампирање немам замерка
- Моторот е и плус и минус. За во град до 50км/ч е ужуванција поради тоа што е атмосферец и при ниски обртаи си убрзува глатко. Ама за се останато е ужас.
- Старт стоп си работи одлично
- Дисплејот за км и централниот мултимедија изгледа одлично, квалитетот на боите би рекол дека е и подобар од на голфот кај мене. Резолуцијата е одлична. Сликите неможат да го доловат тоа на секоја чест за мултимедија дисплејот.
Минус
- Позицијата за седење е многу чудна. Иако имаш огромен стаклен покрив над глава јас почувствував недостаток на простор и непријатност. Како да седиш во комбе без покрив. Како сака да биде мини кросовер ама не е.
- Педалата за кумплунг е одалечена од педалата за кочење и гас непропорцианално и ми преставува проблем кога се менуваат брзини. Некако многу е одалечена налево и нагоре од кочницата како да треба да ја бараш со левата нога дур мењаш брзина.
- Индикаторите за жмигавци, светла, трип компјутер ужас. Одалечени се од воланот и треба да имаше прсти 2 метра за да дадеш жмигавец, или пуштиш брисачи. Тотално разочаран од ова. Све некако ти дава филинг дека мислеле отпосле на ова.
- Знам дека има она сити функција за воланот ама го претерале и сето тоа искуство е толку вештачки. Брат ми има вакво фиатче од 2011 мислам ама овдека е многу поразлично. При брзини до 30км/ч воланот можеш со мало прсте да го вртиш ама над таа брзина станува толку тврд и тежок за менување како да нема серво. Убава идеја но сета таа транзиција е направена аматерски и нагло. Исто така во мирување ако го мрдаш воланот малце лево десно имаше многу чудни вибрации од воланот. Не е дефект, него така работи сервото.
- Моторот како што реков плус и минус ама повеќе накај минус. Нема душа за едно мало претекнување така да мојот избор секако овде би бил турбо бензинец
То е то, ептен касно ми текна да сликам, еве две што успеав да најдам.

