Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 477551 пати)

Отсутен olikomerc

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1275 на: 25 Јуни 2015, 23:53:11 pm »
Кога се мења потисна плоча, треба ли и ламела и лагер да се смени или ако се добри може само потисната?
fb.com/olikomerc

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1276 на: 25 Јуни 2015, 23:59:41 pm »
Колку што знам, пожелно е комплет да се смени.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен olikomerc

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1277 на: 26 Јуни 2015, 00:05:13 am »
Мајсторов вика ламелата е ок, уште 50.000 комотно ќе иде. Други па што продаваат викаат комплет.
fb.com/olikomerc

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1278 на: 26 Јуни 2015, 00:19:09 am »
Кога се мења потисна плоча, треба ли и ламела и лагер да се смени или ако се добри може само потисната?

поубаво е комплет. за друх лагерот, не се знае кога ке просвири. тоа може да се деси одеднаш. затоа нов, за да не би отварал пак само за тоа... ламелата, веке има фатено и жлебови и микро кривините од потисната. ако ја смениш само потисната а остане ламелата, она на око можда и има месо за да издржи уште многу, ама може да изгори ама баш одма...

затоа и е советот, да смениш се... земи си цел сет и смени... а всушно помеѓу 60 и 70% од цената на еден сет е само потисната... ако е за 1000-1500 денари разлика, јас не би се ни размислувал... толку (па и поише) ке кошта повторно отворање кај мењачот, кога ке треба другото да го смениш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен olikomerc

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1279 на: 26 Јуни 2015, 00:47:07 am »
Фала ај ќе пишам за некој ден што како сме направиле.
fb.com/olikomerc

Отсутен olikomerc

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1280 на: 27 Јуни 2015, 20:59:24 pm »
Сменив само потисна плоча (корпа), засега е добро, ламелата си остана истата била во добра состојба.

Кумплунгот сега е ептен помек, малце го наштелувале погоре да фаќа него претходно али е ок.

Поминав со 50 евра половна плус 2500 ден работна рака, нов СЕТ (корпа и ламела) сегде беше 15-18.000 од сакс и валео произвоѓачи.

А во МакАутоСтар потисна+ламела+друх лагер = 55.000  ;D и уште 4000 работна рака.
fb.com/olikomerc

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1281 на: 28 Јуни 2015, 15:55:30 pm »
Најдобро ти е било се ново али ајде бидело, за што возило се работи, и куплунгот треба да ти фаќа малку под средината не над ;)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен miki002

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 67
    • Моето возило
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1282 на: 28 Јуни 2015, 21:14:30 pm »
Погоре фаќа од порано поради самата конструкција на чиниестата пружуна на квачилото, со нова ламела (диск) чиниестата пружина има специфицирана висина (обично е во рамна положба), како се троши облогата (гуртната) така се крева чиниестата пружина за да обезбеди иста притисна сила, а намалена исклучна сила.
На старата корпа, потисната плоча исто така била „изабена“ а пружината ослабната или оштетена од притисното лежиште - затоа при исклучување педалата била пониско.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1283 на: 01 Јули 2015, 11:23:32 am »
Korean Brands Lead Industry in Initial Quality, While Japanese Brands Struggle to Keep Up with Pace of Improvement - http://www.jdpower.com/press-releases/2015-us-initial-quality-study-iqs

Очигледен напредок во квалитетот кај Корејанците, Јапонците се престигнати од Европските производители. Порше со најдобар скор од сите.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1284 на: 01 Јули 2015, 11:46:27 am »
коа ќе ми текне на клиповите со типот со Поршето .... ::)

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1285 на: 01 Јули 2015, 11:51:17 am »
Добро, ова е иницијален квалитет, не е да речеме после 3 години, ама пак е некаков показател. А поршето можеби и беше лимон, се е возможно.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1286 на: 07 Јули 2015, 13:30:25 pm »
Oва се кандидатите за најдобар автомобил во Европа за 2016 година.
Ако има веќе ваква тема, бришете, ако нема, ако не ве мрзи отворете тема со табела за гласање...

Alfa Romeo Giulia
Audi A4
Audi Q7
Audi R8
BMW X1
BMW 7-Series
Ferrari 488 GTB
Fiat Aegea
Ford S-Max / Galaxy
Ford Edge
Ford Mustang
Honda Jazz
Honda HR-V
Hyundai Tucson
Infiniti Q30
Jaguar XE
Jaguar XF
Kia Optima
Kia Sorento
Land Rover Range Rover Sport
Mazda2
Mazda CX-3
Mazda MX-5
McLaren 570S
Mercedes-Benz GLC / GLC Coupe
Mercedes-Benz GLE / GLE Coupe
Mercedes-AMG GT
Opel Karl
Opel Astra
Renault Talisman
Renault Espace
Renault Kadjar
Ssangyong Tivoli
Subaru Levorg
Subaru Outback
Suzuki Vitara
Škoda Superb
Tesla Model X
Toyota Mirai
Volkswagen Touran
Volvo XC90

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1287 на: 07 Јули 2015, 13:34:30 pm »
Skoda Superb.

Сега, секогаш, и во вечни вековииии, ааа-миииннн...

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1288 на: 07 Јули 2015, 13:59:43 pm »
Skoda Superb ради тоа што нуди многу за смешни пари или одличната шасија и прекрасната суспензија на Jaguar XE.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1289 на: 07 Јули 2015, 14:03:48 pm »
Ниедна кола не нуди повеќе за парите од Мустанг..and you all know it.


Нема да ми биде криво ако земе Алфа..можеби ќе ги натера дел од досадните германци на малку по прогресивно размислување, а азијативе на малку по естетски пристап бидејки убава кола од тој континент излегува еднаш на 10 години.

Недај боже да земе Опел...кој ќе ве слуша после. ;D