Автор Тема: Тресење на воланот при кочење  (Прочитано 12797 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Тресење на воланот при кочење
« на: 22 Февруари 2013, 18:57:34 pm »
Како што гласи насловот, денеска приметив дека кога кочам од брзини над 130 на воланот има како ептен минимално тресење. Значи ептен минимално што тешко дека ќе го осети некој што не ја вози колата секојдневно но сепак тука е. Што советувате прво да променам и по кој редослед? Што би можело да биде, бандажите, гумите, дисковите  ??? По мое првен би ги променил гумите, значи зимските со летните, потоа ако остане проблемот вадење на дисковите и преглед на истите па делување по потреба(рамнење или менување). Се работи за Ауди А4 2009год со 80ккм.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #1 на: 22 Февруари 2013, 18:59:44 pm »
Kriv disk. Novi i pokvalitetni.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #2 на: 22 Февруари 2013, 19:05:33 pm »
Па по правило ОЕМ дисковите би требало да се помеѓу поквалитетните е сеа вие изгледа не биле како што треба чим на 80ккм отидоа. Барем до 100-110 да издржеа, тогаш планирав да ги менувам.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #3 на: 22 Февруари 2013, 19:10:00 pm »
zavisi od upotrebata i od samata noga, tie ne se potroseni tuku verojatno si gi pregreal, zatoa i velam pokvalitetni za da ne gi pregrees pak, inace i 200k ke teraat ovie.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #4 на: 22 Февруари 2013, 19:15:40 pm »
Не верувам да е прегревање, последниве 2-3000 км. немам возено доволно брзо и агресивно за да ја користам кочницата толку, неквалитет е, барем по мене. Туку не бидува ли да ги рамнење на вие ? Не ми се даваат сега 25к ден :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #5 на: 22 Февруари 2013, 19:16:49 pm »
па провери гуми и бандази... ако не се реси... тоа е

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #6 на: 22 Февруари 2013, 19:26:46 pm »
Ако се гуми или бандаши ќе тресе и без кочење..

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #7 на: 22 Февруари 2013, 19:50:28 pm »
Во понеделник - вторник ќе средам се што треба чим така. Ако има уште некој идеја слободно нека пише. Ако знаете некој добар мајстор за рамнење дискови, исто така би мии било од голема помош.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #8 на: 22 Февруари 2013, 19:51:42 pm »
Ацика знае добар мајстор, исто и Шурата, за смешна сума ги направи ко нови.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #9 на: 22 Февруари 2013, 19:59:43 pm »
Рамнење дискови не би ти препорачал воопшто.
Прво имаш 80к км, значи зрело за мењање, барем по мене...Со 80к километри дисковите на толку тешко ауто верувам дека се истенчени, па и затоа се искривиле...Рамнење значи симнување на уште еден слој, значи уште повеќе се истенчуваат, и после првиот дожд и првото посагламно кочење, сметај дека ке бидат ужас...
Ако ги оставиш истите плочки, сметај дека ке ги уништат дисковите уште првит 200 км...
Ако ставиш нови, и нив ке ги упропастиш заради тоа што дисковите ке се заискриват, па ке ти ги ебат и плочките..Значи дупли трошак...
После ке треба све јово на ново, односно пак ке си платиш нови дискови и плочки...

Ова ти го зборувам од искуство...
Јас така на колата сменив само плочки, без дискови...За 1000 км сватив дека сум направил глупост...Сменив и дискови, ставив поефтини...Пак направив глупост...На крај сменив и дискови и плочки и терав 10 години без проблем...Нова тура еве комплет сменив сега...Повторно дискови и плочки. Претходните беа возени околу 80 000 км...приближно...

Се е ова зборување на памет додека не се провери...
Можеш да одиш да ти ги проверат дисковите, со микрометар, и доколку се установи дека СЕ за рамнење, слободно оди и купи нови КВАЛИТЕТНИ!!!
Плати ги солено, купи си и квалитетни плочки, плати ги и нив дупло ако треба, ама знаеш дека си мирен и дека колата ти е ОК!

Провери ги кочниците и позади...Не секогаш тресење се јавува од напред...
Претходно провери си ја предницата, стабилизатори, јабучици, гумици на баланс штангла! Овие последниве обавезно...
Незнам што све има на аудито, но провери се...Од мала луфта у предница знае да се јави дрхтавица на волан...
;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #10 на: 22 Февруари 2013, 20:01:10 pm »
Не се сложувам околу зрелоста за мењање дискови, мојте имаат 99 000 и немаат никаков проблем.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #11 на: 22 Февруари 2013, 20:02:16 pm »
Некој со стилот на возење менува дискови и на 40 000, не би се сложил со констатацијата...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #12 на: 22 Февруари 2013, 20:08:00 pm »
Апсолутно. Особено при градско возење и редовно главење во гужви, многу побрзо се трошат дисковите.

80.000 км звучи прилично добро за фабрички дискови и плочки. Препорачувам Феродо Премиер од лично искуство.

Меѓутоа, стави го летниот сет гуми и провози малку, да видиш дали ќе го имаш истиот проблем. Ако сеуште го имаш, нови дискови и плочки, и уживај. Фала богу, не ги земај од Порше пошто ќе ги платиш непотребно многу. Прашај во Крис и Том, мењај ги кај Маршер.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #13 на: 22 Февруари 2013, 20:08:10 pm »
Го паметам муабетот со Маршер и прашањето зошто дисковите на Томи се толку истрошени. (со Фаланга се погодивме баш кога Астрата на Томи беше на сервис.)
Новите дискови се ориентирани кон безбедност и се правени од друга челична легура со цел да имаат пократок пат на кочење. Старите пак, си се good old челик и може да тераат 2, па и 3 пати повеќе од новите.
Би рекол дека Саше треба да си ги смени затоа што најверојатно за толку и се дизајнирани.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #14 на: 22 Февруари 2013, 20:08:50 pm »
Проверена беше колата пред 6000км на сервис, но секако дека ќе ја проверма предницата, а и центрирам после ставањето на летните гуми. За дискови ако се криви веројатно ќе ги менувам, ме премисли од рамнење. Иако сменив плочки веќе еднаш на 55ккм, па планирав на 100-110 да сменам дискови и плочки но што да се прави... Од понеделник ќе се распрашам колку коштаат дискови во Порше, колку коштаат во другите продавници. Би сакал да останам на ОЕМ деловите но 500еур за плочки и дискови не ми се дава, на татко ми верувам уште помалце па каква и сака кола нека биде така да ќе ги разгледам убаво сите опции. Која штета може да настане со возење со таков диск? Под возење мислам 1000км зошто не верувам дека уште во пон ќе средам се а колата ми треба секојдневно. Дали се прави некаква дополнителна штета освен на дисковите и плочките. И последно што ме интересира е дали знае некој кој е добавувач на дискови и плочки за Ауди?
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA