Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1334134 пати)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7590 на: 31 Јули 2022, 12:16:46 pm »
Оваа година љетив надвор од Балканот на одмор.

Поздрав од Сицилија (сликата е од гратчето Таормина)


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5559
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7591 на: 31 Јули 2022, 13:07:46 pm »
Јас сум Отешево, од луѓе има само јас и уште едни баба и дедо на 200 метри од мене, водата е пличак ама  стакло и крап има за со копје да ловиш на 2 метри од нозете :D Не јади крапот ќе се јадат гира :D






Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7592 на: 31 Јули 2022, 16:40:04 pm »
Бев Отешево на трап
Манав еден крап
Крапо ногу јак
Таков е бе брат
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7593 на: 31 Јули 2022, 17:10:03 pm »
Дебели Џо, каква е водата (топло/ладно), плажи, ресторани/кафичи. И какви се Италијанките, имаме ли шанса?  :)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7594 на: 31 Јули 2022, 21:42:30 pm »
@bear

Плажа/вода:
За потопла и посолена вода не знам, да ти е мерак да си по цели денови во вода. Градот Катанија има огромна песочна плажа која е одма до аеродромот, и на моменти ќе ти се здосади бидејќи треба едно 30 метра да поминеш за водата да ти биде до колкови  ;D Плажата е поделена на јавна (и бесплатна), каде што можеш да си отидеш со свои крпи и чадори за сонце или приватна каде што си плаќаш за лежалки (28 еу за чадор, две лежалки и една пијачка)

Ако си фан на нуркање и истражување на школки, јужно од Катанија, во гратчето Сиракуза имаш кристално чисти камени плажи за кои е препорачливо да се има обувки со исто толку топла вода.

Ресторани/кафичи:
Храната е едноставно... највкусна, немам коментар.
Со причина се вели дека сицилијанската храна е најдобра.
Што најмногу ме изненади се прифатливите цени.
(Треба да се земе предвид дека е сред сезона, дека е држава во ЕУ, дека се повисоки стандарди итн)
- Еспресо 1€
- Макијато и Американо 1.5€
- Canollo con ricotta (типично сицилијанско благо полнето со рикота сирење) - 2€
- Arancino (типично сицилијанско солено полнето со разни филови) 2-2.5€
- Стандардна пица од 5.5 - 6€ (маргарита)
- Сендвичи исто 5-6 € (panini)
- Паста порција од 7-8 €
- Бургери по 7-8€
- Па нагоре месните порции околу 11-12€
- Пиво - 3€
- Аперол - 6-7€
- Коктел - 8€
Бонус: Многу малку ресторани/кафичи имаат интернет.

Јавен транспорт и сообраќај
- Возат многу брзо и многу лошо, не се знае првенство на минување во кружен тек или недајбоже на пешачки премин. Кај што постои физички простор за паркирање, ќе се паркират, па дури и во кружен тек.
- Барем секое второ возило е удрено, изгребано, вдлабнато, недостига фар (или два) или по некој браник.
- Ако ти се брза и сакаш да стигнеш на време, заборави јавен транспорт (со автобус). Ништо не е точно иако возачите шибаат 60-70км/ч цело време по булевари. Се додека не дозборат и додека не го допијат кафето на автобуски терминал нема тргање. Цена на карта: 1€ за 90минути, 2.5€ за дневен билет
- Има една метро линија која е доста корисна, но машините за билети не работат најголемиот дел од времето па често се шверцавме. Цена на карта: 1€ за 90минути, 2€ за дневен билет
- Рент-а-кар: заборави. За 7 дена Fiat 500/Panda е околу 800€. За мотор е 30€/ден, но мораш 300-400€ safety deposit да оставиш.


Екстрас:
- Времето е запурно. Независно дали е пладне или полноќ, постојано е 31-32 степени, влажноста на воздухот е прилично висока и ако нема некое ветре, ќе се свариш.
- Во Катанија е многу нечисто. Немаат се уште слушнато за контењер, па секоја зграда/бутик/продавник/ресторан ги остава вреќите на улица. Па комбинацијата на остатоци од храна и урина дава убава атмосфера навечер :)
- Магнети од 2€/нагоре нагоре. Јас си купив Бураго Алфа SW 159ка за 5€ како успомен  ;D

Италијанки:
- Само ако знаеш италијански, тоа им е лекот :)

Не се стегав воопшто во текот на одморот и поминав 7 дена со по 40€/ден.


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7595 на: 31 Јули 2022, 23:17:01 pm »
Цениве како у Охрид дури јадењето и кафето поевтино.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8965
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7596 на: 31 Јули 2022, 23:32:54 pm »
Sicilija e super ama treba ubavo da ja rashetash, i da voopshto ne e skapo.

Samo vo Avgust da ne odite togash e sezona.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7597 на: 31 Јули 2022, 23:58:42 pm »
Цитат
Не се стегав воопшто во текот на одморот и поминав 7 дена со по 40€/ден.
Дај бе бидими финансиски советник.Ке си платам колку шо ќе побараш,бема да се ценкам.
Пошо јас со врзани раце и нозе би потрошил 400€ денот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3879
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7598 на: 01 Август 2022, 13:29:36 pm »
Да си ми жив и здрав, баш во тие блеев до пред малку :)))
Има некоја листа топ тен, што ти ја знам... а не се прескапи, само сајтот им е лајно, па пишав на контакт инфо.

Ако има некој други предлози, комплетно добредојдени.
Мразам песок. Вадите човек во патња од длабока кал овде. :)
Се обидов во март да пазарам нешто во Арменици но не успеав да најдам соодветна комбинација и се откажав. Сега ќе одам во овој Кастело https://www.booking.com/hotel/gr/camping-castello.en-gb.html во барака со две спални и настршница пред врата. Не очекувам многу, само да има струја и комарници на прозорите. Се надевам нема да е тотално разочарување. Одам сега на 10ти Јуни па ќе склопам една пшовратна.


Заборавив да им пишам на тие што може да ги интересира, но за сезонава бунгаловите беа распродадени пред Јуни па тешко да може некој и да сака.

Камптот како камп од општа гледна точка е некоја си средна класа со големина која не е од раноготна кампови кои јас сум ги замислувал. Ај да почанм јас со ред работи кои ми се пљус а кои минус.

Во основа многу зависи во кампот на кое место си. Но мислам дека тие готовите бунгалови во првите 2 - 3 реда броејќи од влената страна имаат сосема добар сетап. Редовите не се паралелно со плажата туку повеќе се протегаат нормално.

Секој бунгалов има свое паркинг место, настрешница со маса и столици за излежавање и јадење, и доволно просотр да се расфрлаат играчките од плажа и да се пружат надвор алиштата. На самата настрешница има два вентилатори, еден со светло и со умерено дување и еден „тајфун“ кој супер ги бркаше мувите дур ручавме.
Просторот околу бунгаловот ограден со убава дрвена или жива ограда, а на земја вештачка пластична терва по кој може бос да се оди комотно.

Внатре бунгаловот има две спални соби во кои комотно може да спијат четворица и една голема простороија помеѓу каде е кујната за готвење и маса на која може да се седне за јадње како во приколица (и се претвара седиштето на ќош во кревет (петорица големи може да се напасираат а ако си малце кнап може и 6 оти во едната спална над два раздвоени кревети имаше спратен кревет на расклопување). Има и засебно ве-це со туш кабина.
Од опрема во кујна  фино оперемен со целосен плински шпорте (не насадено решо), без рерна. Мал фрижидер, клима и тв (никој не го упали не знам што програми имаше).
На кратко од аспект на сместување и  тоа каде се наоѓавме беше иделана комбинација за 5 члено семејство.
Е сега постојат редови кои се во близина на канал со устоена вода од собирни канали за менаџирање на поројната вода кој граничи со кампот за кои верувам дека има сериозни проблеми со комарци а може и миризба, но ове во прв ред не се приметуваше тоа.

Од битни работи за во камп:
- Продавница со стандардни работи кои ти требаат за да си обезбедиш и д ане трчаш надвор од камп за ситници со ок цени,
- Шанк на плажа со лежалки за изнајмување, кои не ги пробав пошто ни седев долго на плажа ниту пак имавме потреба да избегнуваме стандардно плажарење со прекривки, чадор и некое мало „шаторче“.
- Ресторан со солидна храна но и солидни цени.
- Две игралишта за баскет/фудбал и одобојка без плаќање
- Едно игралиште за тенис со маса за пинг понг се изнајмуваше за 5еур/час (во Скопје е поскапо).

Обезбедувањето си бркаше работа добро и сите обиди за галами после 12:00 брзо ги решаваа.

Најлошиот момент е близната на патот кој поминува над задниот дел од кампот и навечер може се слушаат возиалат кои поминуваат и имаат тркачки амбиции. Ние бидејќи бевме надвор од пик сезона немаше многу сообраќај, а додека спиевме не го приметував тоа. 

Мислам дека не  е најатрактивниот камп кој би го одбрал , но мислам дека заслужува следната година да фатиме една недела ран одмор вака па потоа да размислувам за главен. Иако и за главен не му фали многу.

За закжување треба да се пази Февруари/Март е последна опција ако сакаш да одиш во Јуни а мислам дека во Мај веќе целе сезона им е распордадена.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7599 на: 01 Август 2022, 15:49:04 pm »
Denes stignav Ohrid na odmor da istegnam noze i jas godinava. Nekako full mi se gleda so narod baska po ona bulevaron turisticka li kako se vika celi 40 min mi trebase od vlez do izlez na ohrid nakaj plazite da projdam trgni zastani.
Se brcnav so maliot vo enzeroto fina vodata pa zdravje samo vreme da se pogodi.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7600 на: 01 Август 2022, 17:38:58 pm »
Да си ми жив и здрав, баш во тие блеев до пред малку :)))
Има некоја листа топ тен, што ти ја знам... а не се прескапи, само сајтот им е лајно, па пишав на контакт инфо.

Ако има некој други предлози, комплетно добредојдени.
Мразам песок. Вадите човек во патња од длабока кал овде. :)
Се обидов во март да пазарам нешто во Арменици но не успеав да најдам соодветна комбинација и се откажав. Сега ќе одам во овој Кастело https://www.booking.com/hotel/gr/camping-castello.en-gb.html во барака со две спални и настршница пред врата. Не очекувам многу, само да има струја и комарници на прозорите. Се надевам нема да е тотално разочарување. Одам сега на 10ти Јуни па ќе склопам една пшовратна.


Заборавив да им пишам на тие што може да ги интересира, но за сезонава бунгаловите беа распродадени пред Јуни па тешко да може некој и да сака.

Камптот како камп од општа гледна точка е некоја си средна класа со големина која не е од раноготна кампови кои јас сум ги замислувал. Ај да почанм јас со ред работи кои ми се пљус а кои минус.

Во основа многу зависи во кампот на кое место си. Но мислам дека тие готовите бунгалови во првите 2 - 3 реда броејќи од влената страна имаат сосема добар сетап. Редовите не се паралелно со плажата туку повеќе се протегаат нормално.

Секој бунгалов има свое паркинг место, настрешница со маса и столици за излежавање и јадење, и доволно просотр да се расфрлаат играчките од плажа и да се пружат надвор алиштата. На самата настрешница има два вентилатори, еден со светло и со умерено дување и еден „тајфун“ кој супер ги бркаше мувите дур ручавме.
Просторот околу бунгаловот ограден со убава дрвена или жива ограда, а на земја вештачка пластична терва по кој може бос да се оди комотно.

Внатре бунгаловот има две спални соби во кои комотно може да спијат четворица и една голема простороија помеѓу каде е кујната за готвење и маса на која може да се седне за јадње како во приколица (и се претвара седиштето на ќош во кревет (петорица големи може да се напасираат а ако си малце кнап може и 6 оти во едната спална над два раздвоени кревети имаше спратен кревет на расклопување). Има и засебно ве-це со туш кабина.
Од опрема во кујна  фино оперемен со целосен плински шпорте (не насадено решо), без рерна. Мал фрижидер, клима и тв (никој не го упали не знам што програми имаше).
На кратко од аспект на сместување и  тоа каде се наоѓавме беше иделана комбинација за 5 члено семејство.
Е сега постојат редови кои се во близина на канал со устоена вода од собирни канали за менаџирање на поројната вода кој граничи со кампот за кои верувам дека има сериозни проблеми со комарци а може и миризба, но ове во прв ред не се приметуваше тоа.

Од битни работи за во камп:
- Продавница со стандардни работи кои ти требаат за да си обезбедиш и д ане трчаш надвор од камп за ситници со ок цени,
- Шанк на плажа со лежалки за изнајмување, кои не ги пробав пошто ни седев долго на плажа ниту пак имавме потреба да избегнуваме стандардно плажарење со прекривки, чадор и некое мало „шаторче“.
- Ресторан со солидна храна но и солидни цени.
- Две игралишта за баскет/фудбал и одобојка без плаќање
- Едно игралиште за тенис со маса за пинг понг се изнајмуваше за 5еур/час (во Скопје е поскапо).

Обезбедувањето си бркаше работа добро и сите обиди за галами после 12:00 брзо ги решаваа.

Најлошиот момент е близната на патот кој поминува над задниот дел од кампот и навечер може се слушаат возиалат кои поминуваат и имаат тркачки амбиции. Ние бидејќи бевме надвор од пик сезона немаше многу сообраќај, а додека спиевме не го приметував тоа. 

Мислам дека не  е најатрактивниот камп кој би го одбрал , но мислам дека заслужува следната година да фатиме една недела ран одмор вака па потоа да размислувам за главен. Иако и за главен не му фали многу.

За закжување треба да се пази Февруари/Март е последна опција ако сакаш да одиш во Јуни а мислам дека во Мај веќе целе сезона им е распордадена.
Фала на описот. Тури и некоја слика.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7601 на: 02 Август 2022, 08:33:01 am »
За сите што плаќаат резервации за сместување во Грција еве поефтина алтернатива од девизно плаќање во банка. За разлика од банките овдека нема провизија, ви треба IBAN бројот и името на сопственикот на сметката.

https://paysend.com/

Јас пред некој ден префрлав пари и ми потврдија дека стигнале.

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 514
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7602 на: 02 Август 2022, 08:59:15 am »
За сите што плаќаат резервации за сместување во Грција еве поефтина алтернатива од девизно плаќање во банка. За разлика од банките овдека нема провизија, ви треба IBAN бројот и името на сопственикот на сметката.

https://paysend.com/

Јас пред некој ден префрлав пари и ми потврдија дека стигнале.
Ова го користам веќе неколку години, проблемот е само што треба примачот да има MasterCard.

Sent from my SM-G998U1 using Tapatalk


Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
  • Сузуки Витариче
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7603 на: 02 Август 2022, 09:09:25 am »
Wise е исто лесен начин за праќање пари. Последнава резервација/капар ја пратив преку апликацијава и беше далеку полесно од Swift.
Единствено негативно е дека и двете страни треба да се зачленети во системот.
Потпис.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7604 на: 02 Август 2022, 09:30:35 am »
За сите што плаќаат резервации за сместување во Грција еве поефтина алтернатива од девизно плаќање во банка. За разлика од банките овдека нема провизија, ви треба IBAN бројот и името на сопственикот на сметката.

https://paysend.com/

Јас пред некој ден префрлав пари и ми потврдија дека стигнале.

Ќе да си резервирал преку Nikana.gr :)