Му се налајафте на проф со лајковите. Еве и јас се приклучувам кон лаењето. И јас би те советувал да не помислуваш на плаво светло, освен ако си жител од центро на Баиро па да мораш да се вклопиш во средина. Во таков случај ќе ти препорачам да си земеш и неколку пара диодички за новогодишна елка и да ги наредиш околу прозорите, околу регистрациите. И обавезно ред плави, па ред црвени диоди во лента подпикнати под фарот, да замајаваш ѓомти си џандарско ауди.
Што се однесува до карбонизацијата, убаво ќе ти освежи поготово ако имаш антички дезени со обид на махагони. Но добро би било и да ги посетиш самчовци од Самад и да ти скројат некои добри навлаки. Така впрочем целосно ќе го разобновиш твојот миленик - автомобил, од моторот, па ентериерот и осветлението, па се до каросеријата...