Јас сум најискрен и освен уље, филтри, свеќички и едно црево за маслена пареа и затегач на ПК каиш, друго немам чепкано ништо околу мотор, 130.000 километри.
Ако под "отварање" се мисли капачето од бобината и капачето од куќиштето на филтерот за уље, онда пеки, отваран е.
Од проблеми, за оваа километража и 14 години, како што кажав - цревото, еден чек енџин за вода во филтерот за гориво, три мисфајр при ставање на гориво од други места освен Лукоил и еден затегач на ПК каиш. Толку.
Прки, не е ова ФауВе бензинец. Да кажеш дека Опелов бензинец не чини, баш ми е чудно. Да е дизел, ОК, знам дека им се проблематични, ама од друга страна, па ги отепуваат Зафири од такси возење.
Едит - и релативно нормална потрошња на уље, од сервис на сервис, 200-300 грама. Тоа е.