Никогаш нема да звучи како V8, признавам. Ама дека нема перформанси... Не се согласувам. Колку што ми текнува, забрзувањата од 0-100 фабрички се 4.8 за V8, 5.8 за EcoBoost. А екобустот си плаче за ччкање, пошто е истиот мотор од Focus RS, а таму е 350 коња. Памтам дека на времето гледав некои Stage 1.5 и 2 пакети за Mustang Ecoboost (со сменети усис и издув и соодветен ремап) добиваа по +80 коња.