Автор Тема: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003  (Прочитано 6952 пати)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #15 на: 23 Јануари 2013, 01:31:44 am »
најдобро би било да најдеш исто вакво пунто на отпад таму сигурно ќе ти искочи најефтино ,па и ако имаш среќа сопственикот/вработениот на отпад да не се разбира верувам дека ќе поминеш со некој си 1000денари.

Е сега ако не ти се ризикува и нејќеш да се ебаваш,порачај си од интернет гланц ново и мирна глава,тоа што во официјалниот сервис кошта 50 евра сигурно не е и случај со другите,јас мислам дека ќе биде поефтино

патем ецу-то не се ресетира само кога ќе извадиш негативна клема?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #16 на: 23 Јануари 2013, 01:59:58 am »
Се ресетираат променливите параметри што ги прима од сондите и сензорите.
Ако на секое вадење клема се ресетира код на клуч, отидовме во бездна :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #17 на: 23 Јануари 2013, 09:46:34 am »
Клабери воопшто не е важен терминолошкиот превод на ECU. Да не менуваме тема во тема.

@nikola_bb свети жолтото сијаличе за грешка на шал табла. колата повремено, сега за сега ретко, губи снага и работи на два цилиндри. дијагностиката што ја направија во фиат не покажа точно што е кварот со ECU-тo, туку само покажа дека ECU-то го прави проблемот. по интернетов најдов илјадници луѓе со истиот проблем на истава кола, пунто од 2000та до 2003та година, 1.2 литарски мотор, 60коњски сили, 8 вентили...

интересен детал е следниов, пратив e-mail до: http://www.autoelektronika.net/, српска фирма, од белград поточно, ги најдов на српски форум кој некој од овде ми го посочи, ми одговорија на e-mail-от за половина час, рекоа дека поправка (репарација) на ECU-то ќе чини 100евра, трае 2-3часа, а даваат и гаранција од 1 година... во текот на наредниов месец секако ќе одам во белград, па ако цената на поправка во скопје не е приближна како оваа, сервисот на ECU-ти ќе го направам во белград, секако ако количево ме одвезе до таму. :))

фала ви уште еднаш на сите што одговоривте до сега...

сам си го најде одговорот на проблемот. Чим има некој во блисково соседство што се занимава со ова и дава гаранција за прифатлива цена не му се мисли воопшто. Да не биде на крај, барајќи ја капата си ги изгубил и ушите. Половно ECU за 1000 ден нема да најдеш никаде, гума половна нема за тие пари а не па ECU а башка дали ќе се погоди донаторот.

Совет, нека ве прати уште една кола до Белград за секој случај.


Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #18 на: 23 Јануари 2013, 09:53:53 am »
Незнам зошто му препорачувате да најде половно ECU, кога во него е и проблемот тоа му е фабричка маана, за да функционира треба да најде од истата година и секако истиот модел, и не се исклучува можноста и на половното да се јави истиот проблем.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #19 на: 23 Јануари 2013, 09:59:04 am »
Ако е фабричка мана значи дека има заменско ЕCU кое го нема тој проблем треба да си најде кој број е и да го бара тоа, ако е фабричка мана. Нека се обрати кај Мартин да ги поврзе со коска и нека му каже дали може да го оправи и колку би го чинело. Па размисли си што ќе правиш.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #20 на: 23 Јануари 2013, 10:11:53 am »
Ако chote има желба, уште веднаш ќе добие број. :)

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #21 на: 23 Јануари 2013, 10:21:14 am »
Друже дали знаеш кои беа грешките кога исчитаа?
Колку што можам да видам во аутодата тој модел на пунто со тој мотор имаа повеќе проблеми што може да доведе до слаби перформанси на моторот и запален чек енџин.

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #22 на: 23 Јануари 2013, 10:26:52 am »
А зошто не пробаш со промена на софтверот на ецу то?проблемот може да е и до мехаснички дел.
;)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #23 на: 23 Јануари 2013, 10:28:59 am »
Проблемот со ЕЦУ-то е хардверски.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #24 на: 23 Јануари 2013, 12:49:48 pm »
Познат ми е тој проблем, за жал го имаше и татко ми на пунтото 1.2 75сх МК1.
Тоа е доста чест проблем со компјутерот кај Фиат.
Ако, како што разбрав повремено се слушува како да работи на 2 цилиндри тогаш има прекид на струјата од ЕКУ-то на сигналот што оди на бобините, а причината е ладен лем на плочата на ЕКУ-то.
Пробај кога проблемот е манифестиран, да ги мрдаш џекот што е приклучен на ЕКУ-то. Ако приметиш смирување во работата на моторот, тогаш тоа е тоа. Ке треба да го отворите ЕКУ-то на електроничар-сервисер и да се прелемат сите спојни точки на џекот. Добро е да се провери преку лупа за можни други ладни лемови.
Исто моше да е излезниот транзистор кој го дава сигналот. Извршете мерење на напонот на влезот во бобината (високонапонскиот трансформатор). Мислам дека треба да ги има 2, по еден за пар свеќици. Кај пунтата е така решено, едно трафо е за две свеќици и секогаш искрат 2 свекици, без разлика дали цилиндарот е во точка на палење или издувување (2 или 4 такт).
Во основа репарирањето што го спомена е исто, ќе ги проверат овие работи и ќе ги санираат. Но добро е да знаеш за што се работи, па помалку ќе може да те „стрижат“.
Битно е и како започна да ти се манифестира проблемот, т.е. да одеднаш почна да работи на 2 цилиндри или почна одвреме навреме да се појавува па зачести. Ако е одеднаш може да е прегорен излезниот транзистор, во спротивно е ладен лем.

Се надевам дека постов ке ти биде од помош. Известувај не за прогресот.
« Последно менување: 23 Јануари 2013, 16:29:20 pm ZokiPet »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #25 на: 23 Јануари 2013, 16:24:38 pm »
најдобро би било да најдеш исто вакво пунто на отпад таму сигурно ќе ти искочи најефтино ,па и ако имаш среќа сопственикот/вработениот на отпад да не се разбира верувам дека ќе поминеш со некој си 1000денари.

Е сега ако не ти се ризикува и нејќеш да се ебаваш,порачај си од интернет гланц ново и мирна глава,тоа што во официјалниот сервис кошта 50 евра сигурно не е и случај со другите,јас мислам дека ќе биде поефтино

патем ецу-то не се ресетира само кога ќе извадиш негативна клема?

http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=685682

Отсутен chote

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #26 на: 23 Јануари 2013, 18:15:30 pm »
Прво, да ви се заблагодарам на сите за одговорите. Запрепастен сум од информациите и помошта што ја добив од вашава онлајн ауто-заедница. Апсолутно не го очекував ова. :)

ќе пробам да одговорам на сите прашања/подпрашања, и ќе поставам и некои нови... однапред фала за одговорите...

@Smichka човекот во фиат ми рече дека за да се замени ова ECU со половно потребно е да се најде идентично вакво (се гледа некој сериски број на постоечкото), на половното ECU ќе треба да му се напраи virginaze (не знам превод за ова), па после да се вгради во колата. он спомна цена од 70еура само за virginaze... така да, шансите за наоѓање ECU од отпад се минимални...

@Martin | Alfistaа кога колата беше во сервис, направено е ресетирање на ECU-то, меѓутоа тоа не сменило ништо...

@AllMightyMe да беа тие србите некаде поблиску без многу размислување ќе го однесев кај нив, вака, постои ризик да се упатам на пат од 450 километри со полуисправна кола...

@DimitarMK се слагам со тебе димитар, од информации што јас успеав да ги приберам од вчера до денес (што од овде, што од странски форуми, што од луѓе), можам да заклучам дека купување половно ECU е најмалку добра опција.

@Ogi88 фабричка мана е, на повеќето коли од тој период им се појавува истиов квар. новата верзија на пунто има друго ECU кое многу многу поретко ги има овие проблеми.

@Martin | Alfista пиши ми број од човекот те молам, ќе го побарам уште сабајле.

@Ogi88 Errors detected by the Control unit: грешка1: P0300 - Ignition failures (generic)  - intermittent (danger of catalyser overheating) - ова го имаше два пати и грешка2: P0352 - Coli 2 - SC To Ground / O.C.

@otrakan по тоа што успеав да го прочитам овие денови огромна е веројатноста да се работи за механички проблем

@ZokiPet проблемот почна да се јавува постепено, најпрво се појави на неколку секунди, за по една недела да се појави пак (пред 25 дена отприлика), сеа се јавува почесто. би ги пробал овие работи, имам пријател кој е врвен електроничар, и од ова што го прочитав до сега, доста веројатно е дека ќе пробам сам да го поправам ECU-то. прашање до тебе, и до сите останати, кај се наоѓа ECU-то? :) кој конектор треба да го мрдам во моменти кога се случува проблемот за да утврдам дали е ладен лем во прашање? ова секако ќе го гуглам, ама сепак, ако некој од овде ми пише, ќе биде супер. дали при вадење треба да внимавам на нешто особено, освен што колата треба да е изгасена?

уште еднаш, фала ви на сите



 

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #27 на: 23 Јануари 2013, 18:27:57 pm »
Викаат дека е на усисна негде заштрафен, а на сликава подоле не ми изгледа така:

http://www.fiatforum.com/punto-ii/285608-how-unplug-ecu-punto-mk2-2001-1-2-8v.html

Како и да е пробај да го најдеш негде под хауба, еве како изгледа:




Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #28 на: 23 Јануари 2013, 18:30:17 pm »
од мк1 е ова....

edit: вака би требало да изгледа од мк2

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #29 на: 23 Јануари 2013, 18:36:44 pm »
Ne mozam da sfatam od sto bi stradalo ECU ? Mnogu cudno e.