Автор Тема: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003  (Прочитано 6946 пати)

Отсутен chote

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« на: 22 Јануари 2013, 21:50:01 pm »
Поради проблеми со повремено губење снага, денес ја однесов колата во овластениот сервис на Фиат (Илија), и откако направија дијагностика ми кажаа дека колата има проблем со ECU. Набавка на нов ECU преку официјален сервис чини околу 45000 денари. :) Сурфајќи, и брајќи го делот најдов неколку интернет продавници во Англија (главно) кои го продаваат делот, и истиот чини од 90 до 190 фунти (6,3k до 13k денари). Некои од нив нудат и репарација на делот (за нешто поефтина сума од нов дел), но тоа не ми одговара бидејќи делот треба да се прати таму по брза пошта, исто така и да се врати, па се на се трошокот ќе биде огромен.
Прашањето мое е: дали има некоја фирма/човек во Скопје или околината што ги репарира т.е. поправа ECU-ата? Дали ако порачам нов self-coding ECU од Англија ќе можам сам да го заменам, или за такво нешто е потребен сервис? Дали по дуќаниве во скопје може да се најде ECU, но истото секако да не е од овластен Фиат сервис, бидејќи 45k денари за тоа се премногу. Која е најсоодветниот превод на ECU, т.е. Engine Control(ling) unit? Однапред, многу благодарам за одговорите! 

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #1 на: 22 Јануари 2013, 21:53:49 pm »
Централна единица е терминот што најчесто го слушам како замена за ECU.
Дали работа ќе ти заврши половно ECU?

Отсутен chote

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #2 на: 22 Јануари 2013, 21:57:08 pm »
Човекот од Фиат ми рече дека може и половно да се стави, со тоа што за истото не може никој/никако да гарантира... а мора да се внимава и ECU-aта да бидат од иста серија.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #3 на: 22 Јануари 2013, 22:00:02 pm »
Ако ти врши половно работа, растурачите на Фиат во Радишани би требало да имаат половни.
Доколку читаат некои од членовите што ги имаат нивните броеви, би ги замолил да ги напишат.

Освен ако не е фалична серијата на централната единица, половна би требало да трае колку и самата кола.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #4 на: 22 Јануари 2013, 22:04:18 pm »
ECU разговорно македонски во превод е - Компјутер.

Еве ти еден линк на брзина. Не видов што пишува али прочитај си, можеби ќе ти помогне некако.

http://www.fiat-lancia.org.rs/forum/index.php?showtopic=37364

Отсутен chote

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #5 на: 22 Јануари 2013, 22:22:45 pm »
ви благодарам и на двајцата, човекот во Фиат спомена дека само „ресетирање“ на половно ECU чини од 50 до 70евра тука, што заедно со половно ECU-то и монтажа сигурно ќе чини 200еура или повеќе. од друга страна, од англија може да се купи ново ECU за околу 100еура... ако го имате броевите од тие што растураат во радишани, ве молам да ги пишете.

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #6 на: 22 Јануари 2013, 22:28:34 pm »
јави се тука прашај но не ми се верува дека некој ке ти го продаде за 50 евра обично тие што продаваат половни делови знаат да му бараат и поскапо од нов дел.Каков мотор има пунтото?
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=649031

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7832
  • Плинаш!!!
Одг: Re: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #7 на: 22 Јануари 2013, 22:34:58 pm »
Еве ти бројче од Аце од Радишани 075 217-203
Би требало да го има делот, патем они сервисираат фиат и се ќе ти објаснат што треба да направиш.

Отсутен chote

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #8 на: 22 Јануари 2013, 22:38:22 pm »
ако е овој брат му на гојко, тогаш, кај нив ќе идам у сабота да менувам уље. ќе напраам муабет тогаш. фала ти.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #9 на: 22 Јануари 2013, 22:38:57 pm »
По нашки во стручна литература се вика Електронска Управувачка Единица(ЕУЕ), што проблем имаш со неа?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7832
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #10 на: 22 Јануари 2013, 22:41:18 pm »
ако е овој брат му на гојко, тогаш, кај нив ќе идам у сабота да менувам уље. ќе напраам муабет тогаш. фала ти.
Да да тој е.

Отсутен chote

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #11 на: 22 Јануари 2013, 22:43:09 pm »
@nilola_bb проблемот е на кратко опишан во првиот пост од нишкава. треба да се замени ECU-то.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #12 на: 22 Јануари 2013, 22:48:09 pm »
Не е баш описан ти си пишал решение на проблемот.Што е проблемот со твоето ECU

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #13 на: 22 Јануари 2013, 23:00:09 pm »
Обрати се кај Коска. Мартин Алфиста е у контакт со него.

Отсутен chote

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: ECU за Фиат Пунто 2 (Fiat Punto mk2) од 2003
« Одговори #14 на: 22 Јануари 2013, 23:43:43 pm »
@nikola_bb свети жолтото сијаличе за грешка на шал табла. колата повремено, сега за сега ретко, губи снага и работи на два цилиндри. дијагностиката што ја направија во фиат не покажа точно што е кварот со ECU-тo, туку само покажа дека ECU-то го прави проблемот. по интернетов најдов илјадници луѓе со истиот проблем на истава кола, пунто од 2000та до 2003та година, 1.2 литарски мотор, 60коњски сили, 8 вентили...

интересен детал е следниов, пратив e-mail до: http://www.autoelektronika.net/, српска фирма, од белград поточно, ги најдов на српски форум кој некој од овде ми го посочи, ми одговорија на e-mail-от за половина час, рекоа дека поправка (репарација) на ECU-то ќе чини 100евра, трае 2-3часа, а даваат и гаранција од 1 година... во текот на наредниов месец секако ќе одам во белград, па ако цената на поправка во скопје не е приближна како оваа, сервисот на ECU-ти ќе го направам во белград, секако ако количево ме одвезе до таму. :))

фала ви уште еднаш на сите што одговоривте до сега...